Свет
Улевалстер стигна до првата победа на релито Дакар
Пал Алдерс Улевалстер во категоријата мотори на две тркала ја оствари својата прва победа во тринаесеттата етапа од релито Дакар кој се возеше од Сан Рафаел до Санта Роса во должина од 725 километри.
Пал Алдерс Улевалстер во категоријата мотори на две тркала ја оствари својата прва победа во тринаесеттата етапа од релито Дакар кој се возеше од Сан Рафаел до Санта Роса во должина од 725 километри. Улевалстер ја извозе етапата со време од 3 часа, 25 минути и 5 секунди, само 43 секунди пред Кирил Деспре и Марк Кома кој се пласираше на третото место. Кристоф Деклерк со време од 4.11.32 ја забележа својата трета победа во категоријата мотори на четири тркала, а карактеристика за оваа етапа е што на ниту едно од трите места не се пласираа фаворитите Алесандро и Маркос Патронели. Второто место го освои Рафал Соник а третото Себастијан Халперн.Стефан Петерхансел триумфираше во категоријата автомобили со време од 2.58.25 пред Насер Ал Атилах и Гуерлан Шишери. Фирдаус Кабиров беше најбрз во претпоследната етапа во категоријата камиони пред лидерот во генералниот пласман Владимир Чегин и Илгизар Мардеев. Кабиров ја заврши етапата со време од 3.38.47. Денеска се вози последната четиринаесетта етапа од санта Роса до Буенос Аирес со должина од 707 километри, со што официјално ќе се спушти завесата на 31-то издание од релито Дакар. За победниците на релито по завршување на последната трка. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

