Македонија
Премиерот не го коментира ниското ниво на Црвенковски

Премиерот Никола Груевски не сака да ги коментира наводите на лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, дека има психички проблеми, и ако го реши проблемот со името со Грција ќе биде на страната на предавниците
„Јас нема да ја коментирам менталната состојба на Бранко Црвенковски. Практично неговата изјава и употребата на таквите зборови, навредите обидот да се понижи некој со спуштање на најниско ниво, најмногу говори за неговата душевна и ментална состојба, така што ќе се воздржам од коментар“, рече Груевски, по церемонијата за испраќање на аџиите во Мека и Медина.
Во емисија на еден медиум, Црвенковски вчера рече дека ако сака да биде премиер, Груевски, ако сака да носи крупни одлуки, треба да донесе одлука што ќе прави со името.
„Донеси ја одлукава, реши се што ќе направиш, кажи му на народот што ќе направиш. Човекот има психолошки проблем, но ако го реши проблемот ќе дојде на листата кај нас, на предавници и тоа на почесно прво место. Оти, ако ние сме биле предавници за времено решение, овој сега треба да биде предавник за трајно решение” изјави Црвенковски.
За тоа дали ќе оди решението на рферендум и како би гласело прашањето, Груевски вели: „Доколку имаме сериозен предлог за решение и тоа излезе, се разбира дека ќе го кажам мојот став за тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улиците на потегот од Владата до градскиот Стадион

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 90, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците на потегот од Влада на РСМ до градскиот Стадион.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија, општина Чучер Сандево;
· од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улицата Студеничанска, општина Кисела Вода;
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата Малешевска, општина Кисела Вода.
Македонија
Променливо облачно со умерен ветер, максималната температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Вренето во наредните денови
Од петок следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен.