Македонија
Десет кривични пријави за фалсификувани сини картони и специјалистички упати

Фондот за здравство поднесе кривични пријави против 10 лица до Основното јавно обвинителство поради фалсификување на сини картони, упати за специјалистички прегледи и здравствени услуги, соопшти денеска Бранко Аџигогов портпаролот на ФЗОМ
Десетте фалсификувани докази за платено здравствено осигурување (сини картони) , Фондот ги открил при проверка на пресметките за извршени здравствени услуги во Подрачната служба – Скопје.„При проверката за исправноста на сините картони е констатирано дека истите визуелно не се компатибилни со тие што ги издава ФЗОМ и лицата немале платено здравствено осигурување за периодот кога се лекувале т.е. здравствената услуга требале да ја платат приватно“, рече Аџигогов.Покрај тоа фалсификувани се и упати за специјалистички прегледи кои чинат 400 денари но и за здравствени услуги од 301.500 денари а вкупната штета која му е нанесена на Фондот изнесува околу 7.000 евра.Казната за фалсификување на сини картони изнесува до три години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Поради незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.