Црна хроника
Малолетник ја нападнал поранешната девојка со нож додека била сама дома

Малолетник од Скопје ја нападнал поранешната девојка со тупаници и нож додека била сама во својот дом на улица „Среќко Пужалка“ во Скопје.
Шеснаесетгодишното момче влегло во домот на девојчето, негова врсничка, на полноќ преку незаклучената врата и се обидувало да го убеди пак да бидат заедно.
Најпрвин и го искршил мобилниот телефон за да не може да повика полиција, а потоа седел речиси до 00.50 часот обидувајќи се да ја предомисли.
Девојчето се обидело да го оттурне од себе при што се здобила со две површински расекотини од нож на десната рака, а од ударите со тупаница и нанел и повреди на главата. Напаѓачот изреволтиран, со ножот оштетил телевизор, го искршил лаптопот и ја оштетил влезната врата, по што заминал од местото на настанот.
Веднаш потоа девојчето отишло на лекарски преглед во Ургентениот центар Скопје. По констатираните телесни повреди истата била пуштена на домашно лекување. Во 04.25 часот во ПС Гази Баба, заедно со нејзините родители, го пријавила случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници

На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.