Македонија
На Пелистер снег има, но туристи нема

Учесниците на семинари се единствените гости што моментално престојуваат на Пелистер и покрај тоа што има паднато снег.
Учесниците на семинари се единствените гости што моментално престојуваат на Пелистер и покрај тоа што има паднато снег. Во хотелот Молика велат дека до 20-ти јануари капацитетите биле исполнети со домашни и странски гости, но сега единствено семинарите пополнуваат места. „Минатата година беше година на рецесија која кај нас најмногу се почувствува кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Затоа ние ги намаливме цените и за разлика од минатата година кога полн пансион беше 35 евра, оваа сезона цената е 30 евра и така ќе биде до крајот на март“, вели Никола Каровски, шеф на хотел Молика. Според него, една од причините за ваквата состојба е нефункционирањето на жичарницата. „Неработењето на жичарницата се чувствува за жал видно и кај нас, ги нема оние гости кои постојано доаѓаа, но сепак за викенди и празници доаѓаат. Ние се надеваме од пролет да биде жичарницата во функција, околу преговорите за тоа кој ќе стопанисува со неа преговорите се во тек и се надеваме дека и ние ќе имаме таму некаков удел “, вели Каровски. Тој повикува на соодветно одржување на терените Копанки. „Еве сега видовте дека имаме околу 30 тина сантиметри снег, но тоа е доволно да се одржува патеката, затоа и ние се вклучивме во нејзиното чистење, таа има добра местоположба која позитивно влијае на одржување на добри терени, вели Каровски. За разлика од зимските денови некогаш кога овој простор беше исполнет со бројни туристи, сега бројот на гости е поголем во лето. Сепак, промоцијата на Битола, Хотелот Молика и пелистерските убавини не треба да застане, токму затоа и треба да заживее жичарницата на Копанки. /крај/тера/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.
Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.