Свет
Бучковски платил 1.700.000 евра за опрема и за услуги што не ги добил
Министерството за одбрана лани дало 1.796.426 евра аванс за опрема и за услуги што не ги добило, утврдил државниот ревизор. Од 1994 година, поради неизвршени обврски или недоставена документација, Министерството нема оправдано околу 18.070.000 евра аванси, а без тендер склучувало договори и им давало аванси на претпријатија на крајот на годината за да го потроши одобрениот буџет, сметаат ревизорите.
РЕВИЗИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЗА 2004 ГОДИНА
Министерството за одбрана лани дало 1.796.426 евра аванс за опрема и за услуги што не ги добило, утврдил државниот ревизор. Од 1994 година, поради неизвршени обврски или недоставена документација, Министерството нема оправдано околу 18.070.000 евра аванси, а без тендер склучувало договори и им давало аванси на претпријатија на крајот на годината за да го потроши одобрениот буџет, сметаат ревизорите.
"Дадените аванси не се затворени или поради неизвршени обврски од страна на добавувачот или поради недоставена документација во Секторот за финансии и управување со ресурси.
Ревизијата констатира дека поголем дел од договорите се склучувани на крајот на годината со давање на аванси, што има за цел (намера) ангажирање на неискористените средствата одобрени со Буџетот на крајот на годината, избегнувајќи ја при тоа постапката за јавна набавка, а злоупотребувајќи ја Одлуката од 1998 година со која се ослободени од примена на одредбите од Законот за јавни набавки само набавките на средства од безбедносен карактер. Ревизијата смета дека нетранспарентното склучување договори може да произведе неекономично, неефикасно и неефективно извршување на работите што се предмет на договор", се вели во извештаите.
Тоа е прва ревизија на сметките на приходите од самофинансирање и за приходите наплатени од други органи. Државниот ревизор досега еднаш, во 2001 година, ја проверил буџетската сметка на МО и дал негативно мислење. Во новиот извештај, ревизорите укажуваат дека МО не презело ништо во за слабостите со јавните набавки утврдени на минатата ревизија.
Во сметките биле оправдани само авансите дадени на "Сувенир" од Самоков, а документацијата за аванс од околу 2,5 милиони евра на ТД "Бе-ма" била доставена до МВР за понатамошна постапка.
Според ревизијата, на фирмата ТД "Грединг" лани и бил даден аванс од 1.242.000 денари за реконструкција на паровод во касарната "Стив Наумов" во Битола. Вкупната вредност на договорот била 6.208.000 денари, а бил склучен со непосредна спогодба. Министерството се повикало на владина одлука за определување опрема, материјали и за услуги од безбедносен карактер, од 1998 година. Фирмата "Иднина инженеринг" добила милион денари аванс од договорот склучен на 25 ноември со кој Министерството со непосредна спогодба ја ангажирало да ја реконструира салата во касарната "Илинден" за 17.504.000 денари, односно за околу 286.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венецуела прифати месечен надзор: буџетот ќе оди на одобрување во Вашингтон
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека привремената влада на Венецуела се согласила секој месец да го доставува својот буџет на одобрување до Соединетите Американски Држави.
Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Рубио рече дека американската влада одлучува за што може да се користат средствата, во рамки на она што го опиша како „краткорочен механизам“. Тој додаде дека венецуелските власти ветиле значителен дел од средствата да го искористат за набавка на лекови и опрема директно од Соединетите Држави, оценувајќи дека раководството на Венецуела било „многу кооперативно“.
Американските сили на почетокот на јануари ја нападнаа Венецуела и го заробија нејзиниот авторитарен лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, со што земјата беше вовлечена во политички превирања.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја ревитализира венецуелската нафтена индустрија и најави големи придобивки и за себе и за народот на Венецуела. Тој по пучот изјави и дека има намера привремено да управува со земјата, без да прецизира како тоа би изгледало.
Соединетите Држави во моментов соработуваат со потпретседателката на Венецуела Делси Родригез, која ја презеде функцијата привремена претседателка на земјата.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.

