Свет
Бесплатен секс за сите учесници на самитот во Копенхаген
Револтирани од одлуката на градските власти за сузбивање на протитуцијата, сексуалните работнички во главниот дански град решиле за време на одржувањето на самитот на ОН за климатските промени, на сите учесници да им понудат бесплатни сексуални услуги
Градските власти на Копенхаген од 160 хотели побарале следната седмица додека трае конференцијата за климатските промени, на своите клиенти да не им нудат проститутки. Во хотелите од пред десет дена во рамките на кампањата за сузбивање на простируцијата се делат флаери на кои стои мотото „Бидете самоодржливи – не купувајте секс“.„Како градоначалничка, должност ми е да внимавам на имиџот на Копенхаген додека трае самитот, и мислам дека е тажно што може жени да се купат за пари“, изјавила Рит Бјерегаард.Спротивно, организацијата на данските проститутки SIO во која засега се зачленети осумдесетина жени, почнале со своја кампања.„Тоа е дискриминација. Рит Бјерегаард ја злоупотребува својата положба и моќ за да не’ спречи да си ја работиме својата легална работа“, изјавила портпаролката на копенхашките проститутки, Сузан Мелер.Таа додала дека сите учесници кои ќе дојдат од понеделник во Копенхаген ќе можат разгледниците да ги употребат како начин на плаќање за сексуална услуга. Претходно потенцијалните клиенти треба да потполнат барање на интернет страницата на здружението. „Понудата е отворена за цело време додека трае самитот“, нагласила Мелер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

