Свет
Нови 15 осомничени за убиството на лидерот на Хамас

Властите во Дубаи објавија листа на нови 15 лица со странски пасоши за кои постои сомневање дека се дел од групата која изврши атентат врз лидерот на палестинскиот Хамас во Дубаи.
Властите во Дубаи објавија листа на нови 15 лица со странски пасоши за кои постои сомневање дека се дел од групата која изврши атентат врз лидерот на палестинскиот Хамас во Дубаи.
За организирање на убиството на Махмуд ал Мабхун во еден луксузен хотел во Дубаи, полицијата ја обвинува израелската тајна служба Мосад.
Според последните податоци, за убиството на Мабхун досега се уапсени 26 лица, а помеѓу новите уапсени има лица со британски, француски, ирски и австралиски пасоши за кои постои сомневање дека бидел дел од логистичката поддршка на атентаторите.
Претходно полицијата објави видео снимки и фотографии од11 лица кои имале лажни пасоши од европските земји и за кои постои сомневање дека тие, во повеќечасовна акција, го извршиле убиството.
Атентатот бил организиран со голема прецизност, а лицата вмешани во убиството користеле пасоши на луѓе со европско државјанство кои живееле во Израел, што ги подгрева сомнежите дека во атентатот е вмешана и Мосад.
Повеќе европски земји, вклучувајќи ја Британија и Ирска, побараа објаснување од Израел како атентаторите дошле до европските пасоши, но израелските власти одбиваат да коментираат обвинувања поврзани со активностите на нивната тајна служба./крај/бт/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.
Свет
(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на Унгарија, Будимпешта, на Парадата на гордоста.
Странските медиуми пренесуваат дека организаторите очекуваат рекордна посетеност за 30. издание на Парадата на гордоста во Будимпешта, и покрај полициската забрана која ја наметна националистичката Влада на премиерот Виктор Орбан.
Thousands of people are marching for pride in Budapest. A 200 pp @Amnesty delegation is here from around Europe. Against repression we stand and rise. We resist. This is trans-national civil disobedience. #BudapestPride pic.twitter.com/8qSYr1K0rC
— Agnes Callamard (@AgnesCallamard) June 28, 2025
Владината коалиција на Орбан годинава ги смени законите и уставот за да забрани годишно прославување, оправдувајќи го долготрајното потиснување на ЛГБТ-правата со повикување на “заштита на децата”. Орбан вчера изјави дека полицијата нема да ја разбие поворката, но дека оние кои учествуваат треба да бидат свесни за “правните последици“.
Организаторите на поворката ризикуваат да добијат до една година затвор, а учесниците можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Со последните законски измени, на власта и е дозволено да користи и технологија за препознавање лица.