Свет
Првпат по 1976-та со Медалот на честа одликуван жив војник на САД
Американскиот претседател Барак Обама во вторникот му го предаде највисокото воен одликување на САД – Медалот на честа на наредникот Салваторе Гиунта кој ранет си го ризикувал животот да и спаси соборците од заседа во Авганистан во 2007 г
Медалот на честа во САД најчесто се доделува постхумно за „неоспорен патриотизам документиран и потврден на сите нивоа од системот на командување“, и многу се ретки американските војници кои ова највисоко одликување на нивната татковина го примиле додека се живи. Салваторе Гиунта е 25-годишник од сојузната држава Ајова е првиот кој ова највисоко воено одликување што се доделува во САД додека е жив од 1976 г. и прв од војните во Авганистан и од Ирак, за кои досега ова одликување е доделено постхумно на седум американски војници. Американскиот претседател Барак Обама при доделувањето рекол дека е привилегија да се доделува ова признание на жив војник и тоа, како што рекол „на момче кое е толку скромно, колку што е голем херој“ „Дозволете ми да излезам од сценариото, мене навистина ми се допаѓа ова момче“, изјавил претседателот Обама, што било проследено со силно ракоплескање на присутните воени и цивилни функционери кои присуствувале на свеченоста на доделувањето на одликувањето во Источната соба на Белата куќа.. Истовремено претседателот Обама им одал признание и на соборците на Гиунта и на сите други американски војници кои останаа да отслужуваат во Авганистан, Ирак и на другите места и по завршувањето ан нивните ротации. Гиунта на 25-ти октомври 2007 г. како припадник на 503-та Пешадиска регимента при патролирање во долината Коренгал во јужен Авганистан паднал во заседа на талибаните. Кога талибаните успеале да ги раздвојат војниците од водот на Гиунта во две групи, тој се излоил на непријателскиот оган и извлекол во засолништво ранет соборец. Потоа се вратил и успеал да спречи двајца талибани да заробат друг негов ранет соборец притоа укажувајќи му прва помош. Во таа заседа смртно настрадале двајца американски војници.Гиунта во вторникот при примањето на одликувањето изјавил дека веднаш би го вратил Медалот на честа кога тоа би можело да ги врати од мртвите неговите соборци и другари. Во интервјуто за NBC News тој вели дека себеси се смета за сосема обичен војник и „само еден од многуте“„Познавам многу похрабри луѓе од мене, и многу посилни, а со многу од нив служев“, рекол Гиунта кој сега се наоѓа на прекоманда во Италија. Со добивањето на Медалот честа војникот се здобива со ногу почести, како што се обезбедено место на инаугурацијата на претседателот на САД и на сите други највисоки воени и државни свечености.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица
На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, а 20 лица се уапсени, соопшти локалната полиција.
Протестите ги организираше „генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.
The Mexican anti-cartel Gen Z rebellion has reached Claudia Sheinbaum’s presidential palace in Mexico City.
The crowd has torn down the wall she built a few days ago and is now trying to get past the riot police who have taken cover in an ancient Roman testudo (turtle) formation pic.twitter.com/3AWvsmb4Zc
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 15, 2025
Активистите изразија незадоволство и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите.
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
Свет
Во Бразил 50.000 луѓе маршираа за климатска правда
Голем протестен марш се одржа во саботата во бразилскиот град Белем, каде што се одржува Конференцијата на ОН за климатски промени (COP30). Организаторите наведуваат дека маршот симболизира не само борба за климата, туку и за начин на живот и културниот идентитет на заедниците погодени од еколошките проблеми.
Десетици илјади демонстранти од автохтони заедници и глобални климатски активисти маршираа низ центарот на Белем.
Организаторите наведуваат дека на протестот се приклучиле околу 50.000 лица.
Со „Марш за климата“, демонстрантите се борат за климатска правда и за заштита на териториите на автохтоните заедници, кои се загрозени од сеча на дрвја и илегално ископување злато. Неколку дипломати и министри од земјите кои преговараат на COP30 се приклучија на протестот.
Бразилската министерка за животна средина, Марина Силва, ја поздрави големата посетеност на протестот и рече дека ваквите протести се добредојдени во Бразил, кој има тешко освоена и консолидирана демократија.
Околу 200 земји на COP30 ќе дискутираат до крајот на следната недела како да се забави глобалното затоплување. Фокусот на преговорите е на планот за постепено напуштање на нафтата, гасот и јагленот. Дополнително, земјите во развој бараат финансиска помош за поефикасно справување со сериозните последици од климатските промени, како што се поројни дождови, суши, топлотни бранови, шумски пожари и бури.
Паралелно со конференцијата на ОН, на Универзитетот во БеLEM се одржува „Народен самит“, на кој учествуваат стотици организации, движења и мрежи од Бразил и странство.

