Македонија
Арс култура нова: Изгаснете ги светилките против климатските промени
Арс култура нова ги повикува сите граѓани на Македонија во 20 часот и 30 минути да ги изгаснат светилките во знак на поддршка на акцијата за борба против климатските промени „ Еден час за планетата“(Earth hour).
Арс култура нова ги повикува сите граѓани на Македонија во 20 часот и 30 минути да ги изгаснат светилките во знак на поддршка на акцијата за борба против климатските промени „ Еден час за планетата“(Earth hour).Под мотото „Забава на свеќи“ час за земјата ќе посветат Сити ФМ кафе, Дамар кафе и Метрополис радио.Во акцијата Еден час за планетата во организација на Светскиот фонд за заштита на природата годинава учествуваат 125 држави во светот.Предвидено е во сабота, 1.200 светски познати градби да ја исклучат електричната енергија во 20:30 часот по локално време. Поради временската разлика, честа прв да ја започне акцијата му припаѓа на градот Сиднеј. Ќе следат Пирамидите и Сфингите во Египет, потоа римската Фонтана ди Треви, кривата кула во Пиза и Ајфеловата кула во Париз.Минатата година за време на Еден час за земјата речиси милијарда луѓе во над 4.000 градови ги изгаснаа светлата.Ваква акција за првпат беше спроведена во Сиднеј 2007 година кога 2,2 милиони луѓе ги изгаснаа светлата на 60 минути за да го предупредат светот за претераната потрошувачка на електрична енергија и загадувањето со јаглерод диоксид. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.