Македонија
Споменици на Филип Втори подигнати во населбата Автокоманда и во Битола
Во општина Гази Баба во населбата Автокоманда денеска беше поставен споменикот на „Филип Втори“.
Во општина Гази Баба во населбата Автокоманда денеска беше поставен споменикот на „Филип Втори“. Споменикот беше направен во леарницата „Јеремиќ“ во Белград и истиот е поставен во паркот во Автокоманда на постамент висок три метри.Наскоро треба да биде завршен и релјефниот дел на споменикот и комплетно да биде уреден просторот околу него.Споменик на Филип Втори денеска исто така беше поставен и кај градскиот часовник во Битола на плоштадот „Магнолија“.Споменикот е излиен во бронза во Нови Сад и заедно со постаментот е висок 8,5 метри, по идејно решение на авторот Ангел Коруновски.Македонскиот крал Филип Втори е претставен во свечена одора, качен на коњ. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време: претпладне магла, кон крајот на денот повремен дожд, а на повисоките планини слаб снег
Времето денеска ќе биде Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.
Скопје
Дел од Кисела Вода и Карпош без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– од 8 до 13 часот дел од корисниците од улицата Св. Наум Охридски, Црниче (општина Кисела Вода);
– од 10 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Илинден, реонот кај раскрсницата со улицата Коле Неделковски (општина Карпош).
Македонија
Филипче да биде искрен и јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекуваме Филипче, во име на СДС, јавно да се извини и за:
– Откажувањето на оваа партија од македонскиот идентитет и јазик преку договорите кои директно ги загрозија македонските национални интереси.
– Врските на СДС со ДУИ, кои резултираа со масовен криминал, корупција и грабеж на државните ресурси.
– Грабежот и богатењето за време на ковид пандемијата, кога како министер за здравство дозволи огромни злоупотреби на јавните средства, со што се вброи меѓу профитерите кои се богатеа додека народот страдаше.
Филипче треба да покаже искреност и јавно да се огради и од неговиот ментор Зоран Заев, кој среде Скопје, без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!
Дали тој сè уште го дели ова мислење на „Фамилијата Заеви“ или, можеби, конечно тој решил да се оддалечи од овие разорни предавнички политики?
Народот нема да заборави и дека токму СДС и Венко Филипче беа главните вазали на ДУИ, кои заедно ја уништуваа иднината на Македонија. Колку и да се обидуваат да ги променат своите лица пред јавноста, македонскиот народ е свесен за нивните лаги и предавства.
Време е за нова страница во македонската политика, страница каде ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги брани македонските интереси, достоинството и иднината на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.