Економија
Странските банки од повлекле од српските 1,5 милијарди евра

Банките во Србија од почетокот на 2011 година изнеле од земјата и вратиле во своите странски компании – мајки речиси 1,5 милијарди евра, од што само во првите шест месеци од 2012 година 484.4 милиони евра, покажуваат податоците на Националната банка на Србија за платежниот биланс.
Како што пренесува белградски Блиц, повикувајќи се на овие податоци, сé до минатата година парите од странство се слевале во српските банки, во 2009 година се слеале 1,2 милијарди евра, во 2010 година околу 660 милиони евра.
Меѓутоа, во 2011 година од Србија се изнесени милијарда евра, а во првите шест месеци од оваа година 484,4 милиони евра. Бидејќи три четвртини од банките во Србија имаат основачи во Европа, овие пари се вратиле во европските држави, кои се погодени од должничката криза.
Секретарот ан српското Здружение на банки, Верољуб Дугалиќ смета дека тоа што странските банки ги повлекуваат парите не е невообичаено, бидејќи банките во Србија тешко пронаоѓаат добар клиент, додека истовремено имаат сосема доволно капитал./крај/бл/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Тој истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место.
„Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не одговара на критериумите коишто ги даваат заемодавателите. На брза трака го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на „Нома гас“, тендерската документација се доврши, се потпиша договор со фирма изведувач и во моментот траат градежните активности.
Се надевам многу скоро од денес сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект којшто е многу значаен за сите нас. Бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот којшто доаѓа од Бугарија, во Жидилово – Крива Паланка, овој е двосмерен. И доколку, а се надевам многу скоро ќе отпочне градбата на северниот интерконектор со Србија, тогаш како држава сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гас од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извонзички на гас, Азербеџан, Катар итн. кон централна Европа. И ние како држава добиваме на исклучително гео-стратешко значење. Тоа е една од моите лични цели коишто во овој мандат, во овие четири години очекувам да ја завршиме.“, дециден е Мицкоски.
Економија
Прима изненадува со најголем салон за мебел во Македонија

12.6.2025 година е денот кога ќе се случи ексклузивното отворање на најновиот салон на Прима во GОDI Retail Park Mall на ул. Перо Наков, бр. 108, во населбата Гази Баба. Една од екслузивностите на овој простор е што ова е досега најголемиот салон за мебел во Македонија кој се простира на 4000 м2 каде што ќе ве пречекаат најновите колекции на мебел дизајниран и изработен во Хрватска како и многубројни изненадувања, попусти и подароци.
За овој настан Прима на првите 50 посетители ќе им подари ваучери за идните купувања во вредност од 50 евра, а и на првите 100 купувачи ваучери во вредност од 50 евра.
Прима веќе долги години е водечки бренд на овие простори со сопствен дизајн и производство на мебел. Големиот број салони го докажуваат она во кое сите вработени на Прима силно веруваат – дека само вистинскиот квалитет и одличниот дизајн може да биде препознаен од многумина. Прима е фирма во која идеите на дизајнерските тимови го добиваат својот конечен изглед во фабриките, а мебелот се изработува со внимание и од квалитетни материјали. Во Прима веруваат дека темелот на успехот лежи во вработените, во нивниот постојан личен и професионален развој, на следењето на светските трендови во дизајнот и навремениот пласман во продажните места и домовите на клиентите.
Во новоотворениот салон на Прима сите клиенти, ќе можат да ја видат најновата колекција кујни и гарнитури и декорации, како и да ја добијат услугата Дизајн на ентериер со 3Д-рендер, од страна на дизајнерски тим. За време на свеченото отворање, сите заедно ќе уживаат во вкусните закуски што ќе ги подготвува шефот Марк де Јонг.
Со ова Прима уште еднаш ја докажува својата вредност и покажува зошто е меѓу најпопуларните брендови за мебел на овие простори. Ве очекуваме!
ПР
Економија
„Соработка за економски напредок“: средба меѓу гувернерот на Народната банка и претседателот на Стопанската комора

Во духот на заедничката определба за поттикнување на економскиот развој и за зајакнување на институционалната соработка, во Народната банка денес се одржа средба меѓу гувернерот Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.
На средбата беше нагласена важноста на постојаниот дијалог помеѓу носителите на економската политика и бизнис-заедницата, особено во контекст на актуелните светски и регионални економски предизвици. Претседателот Азески истакна дека Комората е подготвена за понатамошна активна соработка со Народната банка, изразувајќи поддршка за професионалноста и кредибилитетот што гувернерот Славески ги носи на оваа позиција, известува Народната банка.
Во разговорот беа отворени теми поврзани со монетарната политика, финансиската стабилност, пристапот до финансии за стопанството, како и улогата на Народната банка во создавањето поволно деловно опкружување. Двете страни се согласија дека со заемна отвореност и координација може да се придонесе за поефикасно исполнување на стратегиските економски цели на земјата.
Гувернерот Славески ја истакна заложбата на Народната банка за транспарентност, предвидливост и поддршка на стабилноста, како предуслов за одржлив раст. Тој упати благодарност за поддршката и изрази задоволство од иницијативите на Комората за продлабочување на комуникацијата со институциите од финансискиот сектор.
Средбата заврши во конструктивен дух, со договор за засилување на соработката преку редовни консултации и размена на анализи и мислења од заеднички интерес, се наведува во соопштението од Народната банка.