Македонија
Фрчкоски: МВР – овозможувач на насилството на плоштадот
Министерството за внатрешни работи се јави во улога на овозможувач на насилството што се случи во саботата на плоштадот “Македонија“во Скопје, смета Љубомир Фрчкоски, кандидатот за претседател од СДСМ и НСДП
Кога младите архитекти протестираа против градење црква на плоштадот “Македонија“ во Скопје, во саботата, според Фрчкоски, МВР се јави во уога на поттикнувач на насилството, со тоа што не си ја вршеше својата улога.“Улогата на МВР, според законот, е да спречи насилство на лице место, каде се случува, а не да гледа филмчиња после случувањата, и да открива сторители, кои, патем, пред нивни очи тепаа жени и деца“, рече Љубомир Фрчкоски, на денешната прес-конференција.Според него, МВР е претворено во штрафче, инструмент на гола репресија врз населението и против граѓаните кои не се членови на владејачката партија. “Во внатрешноста, населението пишти под стегата на полицијата, која казнува беспоштедно се што се активирало за опозициско делување“, обвини Фрчкоски.Наместо да го осудат насилството и газењето на слободата на собирање , владејачката партија и лидерот, дури сега откриваат организатори, смета Фрчкоски. Според него, не е спорно кој е организатор, може да е кој било, но кога пред очите на полицајците се случува насилство, тие мора да го сопрат. На новинарско прашање, дали ќе повикаат на немешање на Македонската православна црква во градењето црква на плоштад, Фрчкоски вели дека дури и Црквата има право да организира протест, за или против и тоа нукој не смее да го оспори. Дури, смета Фрчкоски, протест или собирање народ, не мора да се пријави, но доколку дојде до насилство, полицијата ќе преземе мерки соодветни на тоа што се случува и тежината на пријавите ќе биде поинаква. Од друга страна, на истата прес конференција, беа поделени материјали од Фејсбук, каде Ивица Георѓиевски, актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт повикува на плоштад во, 11 часот, во саботата, за поддршка на изградба на најголемиот храм на “Македонската православна црква“. Георѓиевски, како што може да се види од доставените материјали е член на Фејсбук групите, “Цело Ѓорче гласа за д-р Ѓорге Иванов-за претседател“, Љубомир Фрчкоски (буреконосач), “Сашо Димиќ, секогаш близок со народот, не гласаме за криминалецот Стевче Јакимовски“, “Стевче Јакимовски за во затвор“ и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

