Македонија
Груевски и Битов разговараа за ангажманот на дијаспората
Премиерот Никола Груевски доцна попладнево во Владата го прими Џон Битов, истакнатиот македонски стопанственик од Канада, при што беа разгледувани поволностите што ги нуди Македонија за водење бизнис и потребата од поголема вклученост на дијаспората во оваа сфера.
Премиерот Никола Груевски доцна попладнево во Владата го прими Џон Битов, истакнатиот македонски стопанственик од Канада, при што беа разгледувани поволностите што ги нуди Македонија за водење бизнис и потребата од поголема вклученост на дијаспората во оваа сфера.Како што информираат од службата за односи со јавноста на Владата на РМ, премиерот Груевски на Џон Битов како извршен директор на реномираната во Канада „Битов корпорација“, кој беше придружуван од неговите синови кои исто така се вклучени во работата на Корпорацијата, му ја истакнал благодарноста за неговото залагање и за долгогодишната промоција на интересите на Република Македонија во Канада, како и за неговата поддршка на активностите на нашата дијаспора на американскиот континент.
Битов е главен акционер и претседател на „Scott’s Real Estate Investment Trust“ и на „Sirius XM Canada“. Исто така, контролира неколку државни и приватни бизниси. Од неодамна е и во бизнисот со телекомуникации преку компанијата „Mobilicity“ која ја раководи.
Двајцата соговорници ги разгледаа можностите и олеснувањата што се нудат во земјава во доменот на отворањето и водењето бизнис, и начините за привлекување странски инвестиции. Исто така, Груевски и Битов се согласија дека е потребен и посилен ангажман на македонската дијаспора на ова поле.Притоа беше разговарано и за политиките што Владата ги презема за поголема вклученост на нашите иселеници во целокупниот живот на Македонија, при што гостинот од Канада изрази поддршка на политиките што се преземаат за привлекување на странскиот капитал, истакнувајќи ги притоа даночните ослободувања и поддршката која им се дава на странските компании кои сакаат да инвестираат во Македонија.Беше дискутирано, исто така, и за активирањето на македонската дијаспора во насока на поддршка на спортот, особено во делот на пренесувањето на искуства за развој и промоција на хокеарскиот спорт во земјава.Премиерот Груевски и Битов, во разговорот го истакнале и значењето и потребата од натамошен ангажман на македонската дијаспора за промоција на државните интереси, развојот на економијата, и градењето мостови на пријателство и соработка меѓу Република Македонија и земјите каде што живеат иселениците./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

