Македонија
Папандреу: Нема тајна дипломатија за спорот со името
Не се води тајна дипломатија за спорот меѓу Атина и Скопје за името, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу за електронското издание на грчкиот весник „Навтемборики“, пренесува Фокус.
Не се води тајна дипломатија за спорот меѓу Атина и Скопје за името, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу за електронското издание на грчкиот весник „Навтемборики“, пренесува Фокус. Папандреу вчера во Њујорк оствари средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун на која покрај кипарското прашање и ситуацијата на Блискиот исток, било разговарано и за спорот со името. Папандреу го повторил ставот за име со географска одредница за севкупна употреба. Грчкиот премиер за „Дојче Веле“ рече дека на генералниот секретар Ки-Мун му ги пренел „грчките иницијативи“, кои, според него, “напредуваат со помош на медијаторот Метју Нимиц“. /крај/фо/ач
Папандреу: Штета што досега не најдовме решение>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

