Свет
Горбачов:Потребна е државна интервенција за излез од кризата
Интервенција на државата е единствен начин да се врати довербата во светската економија по 30-годишното намалување на државното влијание врз
Интервенција на државата е единствен начин да се врати довербата во светската економија по 30-годишното намалување на државното влијание врз националните економии.
Ова го пишува бившиот лидер на Советскиот сојуз Михаил Горбачов, во статија објавена во „Интернешенел Хералд Трибјун“.
Горбачов своите препораки ги упатува до лидерите на државите од Г-20, кои на 2 април ќе одржат средба на врвот во Лондон.
„Задачата е важна колку и спречување на нуклеарна катастрофа, пред која бевме исправени кон крајот на 80-сетите години“, смета Горбачов.
Според него, повлекувањето на државата од економскиот живот, иницирано од бившиот американски претседател Роналд Реган и од бившата британска премиерка Маргарет Тачер, создало голем балон, кој сега пукнал.
„Дури и при ваквите состојби продолжува да се слуша гласот на оние, кои веруваат во волшебни лековити својства на нерегулираните пазари. Денеска луѓето веќе не се обраќаат кон нив за да бараат решение“, додава поранешниот лидер на СССР.
Тој смета дека лидерите треба да употребат државни средства за да ја стават ситуацијата под контрола. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

