Македонија
Македонија се претстави на НАТО- добротворниот базар 2013
Република Македонија, неодамна имаше можност да ги претстави своите производи и својата храна на НАТО- добротворниот базар 2013, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел.
На Базарот се претставуваат сите земји-членки и земји-партнери на НАТО, а покровител е сопругата на генералниот секретар на НАТО, Ане – Мете Расмусен.
Расмусен го посети и македонскиот штанд, каде му честиташе на амбасадорот на Република Македонија во НАТО и на воениот претставник на нашата држава за богатата понуда на македонски производи и изрази благодарност за поддршката која Република Македонија ја дава на овој значаен настан во НАТО.
Мисијата на Република Македонија при НАТО секоја година е дел од овој Базар, а е поддржана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, Стопанската комора и Министерството за надворешни работи.
НАТО Добротворниот Базар стана препознатлив настан и помеѓу македонските фирми, кои секоја година во сè поголем број се вклучуваат со свои донации на македонски производи и рекламен материјал.
НАТО добротворниот базар 2013 е најголемиот социјален настан кој се организира во НАТО веќе 44 години и има за цел прибирање средства за помош на различни добротворни организации лоцирани во земјите партнери и членки на НАТО.
Од вкупно триесетина проекти кои ќе добијат средства од Базарот, еден е од Република Македонија. Подготовките за Базарот и прибирањето на средствата се одвиваат во текот на целата година. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

