Свет
Пакистанскиот премиер осуден поради непочитување на судот

Пакистанскиот врховен суд во четвртокот го прогласи виновен премиерот Јусуф Раза Гилани за непочитување на судот, бидејќи не го отворил повторно случајот против претседателот Асиф Али Зардари но му одреди симболична казна од само неколку минути судски притвор.
Врховниот суд претходно даде налог за премиерот Јусуф Раза Гилани од швајцарските власти да бара отворање истрага за сметките во швајцарските банки коишто наводно ги користел претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари и на нив чувал пари коишто ги добивал како мито.
„Премиерот е виновен бидејќи намерно ја заобиколил одлуката на врховниот суд“, ја прочитал пресудата судијата Насир ул-Мулк, пренесува AFP.
Гилани е првиот пакистански премиер кој во текот на неговиот мандат е прогласен виновен а казната можеше да изнесува и до шест месеци затвор и губење на функцијата.
Случајот е дел од политичката борба меѓу власта и пакистанската армија. Илјадници обвиненија аза корупција беа отфрлени во 2007 година со законот за простување на поранешниот претседател генералот Первез Мушараф, со кој се создаде простор за враќање на цивилната власт на чело на државата.
Во 2009 година, врховниот суд го прогласи неуставен овој закон и нареди отворање на случаите против претседателот Зардари. Владата тврди дека претседателот како шеф на државата ужива имунитет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.