Свет
Доларот потона, нафтата поскапе

Светските берзи денеска реагираа со намалување на вредноста на доларот и зголемување на цената на нафтата на информациите дека азиските централни банки имаат намера своите девизни резерви да ги пополнат со други валути и оти побарувачката на нафта и натаму ќе остане многу голема.
Светските берзи денеска реагираа со намалување на вредноста на доларот и зголемување на цената на нафтата на информациите дека азиските централни банки имаат намера своите девизни резерви да ги пополнат со други валути и оти побарувачката на нафта и натаму ќе остане многу голема. Доларот остро изгуби од вредноста, а цените на нафтата се вивнаа на над 50 долари за барел, додека вредноста на акциите на светските берзи е во опаѓање, јавија западните агенции, додавајќи дека инвеститорите се “во шок“. Американската валута со опаѓање за 1,3 насто во однос на еврото и на јенот го доживеа најголемото опаѓање по октомври минатата година, по најавата дека Јужна Кореја ќе го прошара валутите во кои ги држи девизните резерви од 200 милијарди долари, од кои сега над 90 насто се во долари. Потегот на Јужна Кореја ги подгреа стравувањата дека азиските централни банки ќе го изубат апетитот за долари. На опаѓањето на доларот веднаш реагираше цената на златото, кое поскапе за 7,40 долари и се приближи до вредноста од 436 долари за унца. По најавите дека побарувачката на “црно злато“ ќе остане на високо ниво на њујоршката берза цената на нафтата се зголеми за 2,75 долари, односно за над 4 насто на речиси 51,10 долари за барел. Во Лондон северноморската нафта брент се продава за скоро 49 долари за 159 литри. Организацијата на држави извозничи на нафта (ОПЕК) денеска се обиде да ја намали нервозата на пазарите, соопштувајќи дека високите цени гарантираат оти картелот на претстојниот состанок нема да донесе одлука за намалување на своето производство./крај/бна/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.
Свет
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА).
– Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена за употреба, чекаме лиценца, рече Скворцова.
Како што истакна таа, студиите ја потврдиле безбедноста на вакцината, вклучително и можноста за повеќекратна употреба, како и нејзината висока ефикасност во намалувањето на големината и забавувањето на растот на туморите. Покрај тоа, резултатите покажаа продолжено преживување на пациентите.
– Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином. Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два вида тумори – глиобластом, еден од малигните тумори на мозокот, како и посебни видови меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Ова е многу тешка и брзонапредувачка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни, нагласи Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година, на состанок со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да започне со употреба на вакцина против рак за персонализиран третман на пациенти од 2025 година.
Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.