Контакт

Македонија

Се враќа оптимизмот во преработувачката индустрија

Објавено пред

Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во ноември била многу поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на ноември 2009 година

dobivaj vesti na viber

Ваква  оценка изнеле  раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за сегашната економска состојба во анкетата што редовно ја спроведува Државниот завод за статистика.Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец, а очекувањата за бројот на вработените се малку понеповолни Обемот на производството бележи мал пад во споредба со претходниот месец, но очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни.Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември изнесува 61,3 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска и домашна побарувачка, финансиските проблеми и неизвесното економско опкружување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

Објавено пред

„Алкалоид АД Скопје“ е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“.

dobivaj vesti na viber

На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година.

„Ова признание претставува особена чест за нас и уште една потврда за нашата посветеност на негувањето на основните компаниски вредности – да креираме работна средина која ги поврзува сите: од вработените до образовните институции и заедницата во која живееме и работиме.  Во основата на сето тоа се високите професионални стандарди, кои ја обликуваат корпоративната култура на нашата компанија. Нашите вработени со своето знаење и посветеност се движечката сила на секој наш успех“, велат од компанијата.

Од „Алкалоид“ додаваат дека остануваат посветени на грижата за вработените, како и на нивниот раст и кариерен развој, бидејќи веруваат дека луѓето се најценетиот капитал на нивната компанија.

„Низ визија, иновација и поддршка продолжуваме да одржуваме највисоки етички и професионални норми и работна средина која и натаму ќе претставува најпосакуван избор на компанија за вработување на младите луѓе“, додаваат од „Алкалоид“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Објавено пред

Во изминатите денови се распиша Јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Овој Јавен повик се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Трипуновски информираше дека  јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што

• за првпат започнуваат со земјоделска активност;

• преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство;

• и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци.

Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.05.2025 година

„Би сакал да напоменам дека за аплицирање на Јавниот повик за Мерката 112 се олеснети процедурите околу исполнувањето на критериумите, со кои што излегуваме во пресрет на секој еден млад кој што сака да влезе во земјоделскиот процес. Исто така ги охрабрувам да аплицираат за оваа мерка.

Целта на Министерството и на Владата е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки. Токму Мерката 112 е една од низата која што ќе им помогне на младите да се активираат и да влезат во земјоделското производство.

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна.

Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи.

Министерството ќе продолжи да работи на сет на мерки кои што ќе ги анимираат младите да се вклучат во процесот на производство на квалитетни земјоделски производи.

Заедно работиме да го вратиме македонското земјоделство и повторно да биде едно од најзначајните гранки“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Интерес за батерии – се бара спас за струјата произведена од фотоволтаици

Објавено пред

Сопствениците на фотоволтаици засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

На последната презентација на ФЕРОИНВЕСТ во Стопанската комора, присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред се, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.

Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци.

Единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа1 час

Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан. Телото...

Европа1 час

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини „киевскиот режим“ дека користи жив штит, објави Медуза

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќе пати напаѓала цивилни цели во Украина, тврдејќи дека цел на овие напади...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет2 часа

Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија15 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија18 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија20 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет22 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ22 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа23 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија23 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет1 ден

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет1 ден

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија1 ден

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа1 ден

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет1 ден

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет1 ден

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...