Македонија
Национална стратегија за развој на широкопојасен интернет
Стратегија за подобрување на условите за развој на широкопојасниот интернет и создавање поволен амбиент за инвестиции во овој сектор
Стратегија за подобрување на условите за развој на широкопојасниот интернет и создавање поволен амбиент за инвестиции во овој сектор, најави Министерството за транспорт и врски.
За таа цел Собранието ја усвои Националната стратегија за развој на следна генерација широкопојасен интернет, со Акционен план за нејзина имплементација.
Со Националната стратегија за развој на следна генерација широкопојасен интернет се дефинирани сет на мерки кои се во насока на надминување на прашањата за подобрување на условите за развој на широкопојасниот интернет, како што е создавањето на единствен национален регистар за електронски комуникации, премин кон нови генерации мрежи и замена на бакарната инфраструктура со оптичка.
Широкопојасниот интернет овозможува креирање нови и иновативни услуги, апликации и содржини, го промовира развојот на нови услуги и го подобрува квалитетот на нивното испорачување до корисниците, соопшти министерството.
Истовремено, со преку широкопојасниот интернет дава основа за развој на информатичките и комуникациските технологии, кои претставуваат основни носители на продуктивноста и растот на економијата во државата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.