Македонија
Експедицијата Врело – Матка се сретна со Трајановски

Спелеонуркачката експедиција која изминатиот период вршеше истражувања во пештерата Врело кај Матка денеска се сретна со скопскиот градоначалник
Спелеонуркачката експедиција која изминатиот период вршеше истражувања во пештерата Врело кај Матка денеска се сретна со скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Експедицијата постигна длабочина од 190 метри, каде наиде на платформа, зад која има нов отвор без истражена длабочина, со што Врело се вброи меѓу најдлабоките подводни пештери во Европа.
Екипата беше составена од единаесет члена, а еден од нив е и Марк Ван дер Мулен кој веќе ја истражуваше пештерата во 2007 година. Од горниот дел на Врело земени се примероци од водата и од карпите што некаде се многу црни, а наместа црвени. Бојата зависи од минералите. Досега не се сретнати црни минерали, поради што земените мостри ќе се испитуваат.
Градоначалникот Трајановски изрази голема благодарност до експедицијата за нивната помош за истражувањата на пештерата Врело и нејзината промоцијата како една од најубавите и најдлабоките подводни пештери во светот.
Тој најави дека за наредните години, Градот Скопје и финансиски ќе го поддржи истражувањето на пештерата Врело.
Трајановски напомена дека според програмата, предвидено е да се посвети големо време во промоција и разубавување на пештерата Врело, како што е изградбата на пешачка патека и заштитни рампи од манастирот Св. Андреа, како и изградба на платформа и поставување на осветлување и електрика./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.