Контакт

Вести

Права официјална средба на сириската опозиција и ОН

Објавено пред

Првиот официјален состанок на претставниците на различните сириски опозициски групи и претставниците на Обединетите нации, кои настојуваат да покренат директни мировни преговори за Сирија, започна во понеделникот вечерта во Палата на нациите во швајцарскиот град Женева, јавува AFP.

dobivaj vesti na viber

Делегацијата на сириската сунитска опозиција бара хуманитарни мерки пред да ги започне преговорите со владата на претседателот алавит (шиит) Башар ал-Асад, чиишто претставници веќе во петокот се сретнаа со специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура.

Откако долго се двоумеше да им се придружи на мировните преговори под покровителство на ОН, Високиот комитет за преговори (HCN), коалицијата на ткн политичка опозиција и претставниците на вооружените групации меѓу кои има и исламистички, на крајот се согласи во понеделникот попладнето да дојде во седиштето на светската организација во Женева.

Со Мистура се сретнаа уште во неделата, но неформално во еден хотел, повторувајќи го притоа своето барање да се преземат конкретни хуманитарни мерки во однос на бунтовниците и цивилите кои се наоѓаат во опкружување на силите на владата во Дамаск, пред да започнат преговорите.

Еден од тие барања, според дипломатски извори е „најлесно остварлив“, а се однесува на ослободување на илјадници луѓе од затворите. Имајќи предвид дека и последните неколку години претседателот Асад прогласуваше амнестија за затворениците и за бунтовниците кои ќе го положат оружјето.

Главниот преговарач на HCN, Мохамед Алуш, член на политичкиот совет на вооружената група Џаиш ал-Исламиа (Војската на исламот), која е подржувана од Саудиска Арабија, а којашто Дамаск ја смета за екстремна исламистичка терористичка организација.

Стефан де Мистура сака да воспостави директен дијалог меѓу конфронтираните стани, што е отежнато во прв ред поради расцепканоста на сириската опозиција, со претставници кои би ги пренесувале пораките. Тој процес би можел да трае шест месеци, колку што ОН одредија за постигнување договор за преодна влада којашто би ги организирала општите избори до летото 2017 година.

Сирискиот демократски конгрес (CDS), сојуз на курдската и арапската коалиција, одлучи да не учествува на преговорите во Женева, бидејќи ОН не ги повикале неговите шест курдски делагати.

„Во неделата навечер одлучивме да го суспендираме нашето учество во преговорите, бидејќи пет курдски делегати и еден Туркмен не добија покана од ОН“, изјави Хајтам Мана, копретседател на CDS.

Според него, опозициската делегација поинаква од онаа на HCN, којашто ги обединува најважните сириски опозициски групи требаше да учествува на преговорите во Женева и понудило листа со 35 имиња, од кои дваесетина припаѓале на CDS.

„Од тие 20 луѓе, шестмина добиле информација дека за нивното учество ќе се одлучува подоцна. Во неделата ноќта во Женева одлучивме со нашите курдски пријaтели, меѓу кои и беше и Салем Муслим, водач на главната партија на сириските Курди Партијата на демократскиот сојуз (PYD), дека нема да учествуваме“, појасни Мана.

Курдските делегати ја напуштија во саботата Женева, но се вратија во неделата за да присуствуваат на таа средба.

Учеството на Курдите, кои во сирискиот конфликт се држат резервирано и настојуваат да го зацврстат своето влијание во северните делови кон границата со Турција во кои живеат сириските Курди, предизвика контроверзии.

Русија, која е сојузник на претседателот Асад, смета дека преговорите без нив се невозможни, бидејќи тие се покажаа како најдобрите борци против џихадистите од Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, како и поради тоа што претставуваат најмалку 10 отсто од населението и се хомогени на одредени области.

Меѓутоа, на тоа се противи Турција којашто го смета за сојузник на Работничката партија на Курдистан (PKK), која Анкара и Вашингтон ја сметаат за терористичка организација, а од минатото лето турската армија води жестока офанзива против неа../крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ – Латас, и струмичкиот градоначалник од СДСМ Костдин Костадинов, откако новинарот во јавно излагање...

Топ1 час

Во бесознание била туристкaта од Јапонија која падна кај Канео, но сега е во стабилна состојба

Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео. Од...

Македонија2 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион3 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет3 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден е мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа3 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија4 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет4 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија15 часа

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион17 часа

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија18 часа

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија20 часа

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ20 часа

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија22 часа

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ22 часа

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...

Свет24 часа

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ од Вимблдон преку Макфакс порачува: Ветувам, многу бргу се гледаме во Македонија!

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак...

Регион1 ден

(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која...

Македонија1 ден

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката...

Регион1 ден

(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според...