Контакт

Свет

Русија и одлуката на Меѓународниот суд на правдата

Објавено пред

На 22 јули во три часот попладне по локално време, Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе го обелодени своето советодавно мислење за унилатералното прогласување на независност на Косово од Србија во февруари 2008 година.

dobivaj vesti na viber

На 22 јули во три часот попладне по локално време, Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе го обелодени своето советодавно мислење за унилатералното прогласување на независност на Косово од Србија во февруари 2008 година.

Мислењето, кое судот го дава по барање на Србија,  не претставува законска обврска за ниту една од засегнатите страни, но во суштина сепак ќе одреди дали, според меѓународниот закон, косовската декларација за независност е легална, смета институтот СТРАТФОР. Без оглед на мислењето на МСП, околностите во врска со Косово остануваат исти. Косово и натаму ќе биде де факто западен протекторат, со експлицитни безбедносни гаранции од НАТО и Србија не поседува ниту воен капацитет да го смени ова статус кво, ниту пак волја да го стори тоа, со оглед на нејзините напори да стане членка на Европската унија. Русија, пак, главниот сојузник на Србија по прашањето за Косово, официјално ја изрази својата надеж дека одлуката на МСП ќе доведе до нови преговори помеѓу Србите и Косоварите.

Виталиј Чуркин, рускиот амбасадор во ОН, на 15 јули изјави дека Русија и натаму се спротивставува на независноста на Косово и го поддржува ставот на Белград дека Косово е суверен дел на Србија. Но по се, се чини дека Москва ќе профитира без оглед на тоа каква одлука ќе донесе МСП.Независноста на Косово беше прогласена девет години откако воената интервенција на НАТО против она што тогаш беше познато како Југославија, ги присили Србите да се откажат од својата физичка контрола врз Косово. Причините кои тогаш беа наведени за да се оправда воената кампања беа злосторствата извршени од југословенската војска и паравоените формации врз албанското население на Косово. Србија водеше неколку војни во текот на 1990-те години, чија цел беше да се зголеми влијанието на Белград на Балканот. Оттаму, Западот сакаше да ја елиминира Србија – и нејзиниот лидер, Слободан Милошевиќ – како регионална закана и ривал. Но, основниот геополитички контекст исто така го вклучуваше и фактот дека НАТО еволуираше од регионален безбедносен собир, без мандат да презема акции кои не се поврзани со директна закана по безбедноста на неговите членки, во организација со мандат да се грижи за редот во Европа и, конечно, пошироко. НАТО ги изведе операциите на Косово без одобрение од Советот за безбедност на ОН и наспроти силното противење на Русија и на Кина. Тогаш беше поставен и преседанот САД и нејзините сојузници да можат да делуваат без да се грижат за интересите на останатите постојани членки на Советот за безбедност на ОН (нешто што САД ќе го повтори со инвазијата на Ирак во 2003 година). За Русија, акциите на НАТО во Косово беа неприфатливи. Бидејќи Русија не е дел од НАТО (всушност, Алијансата и беше оформена за да ја одбрани Европа од советската инвазија), Москва сфати дека Косово воспоставува еден исклучителен преседан. НАТО одлучи дека интервенцијата беше неопходна од аспект на европската безбедност, интервенираше воено и потоа го реши постконфликтното опкружување во согласност со своите интереси. Тоа го стори против познат сојузник на Москва и со сомнителни докази и резонирање. Но, Западот не  сопре таму: по Косово, следеше ширење на НАТО во поранешната советска сфера во Источна Европа и пораз на про-руската украинска влада. Во овој контекст, прогласувањето на независноста на Косово беше само уште една во низата одлуки во врска со европската безбедност, кои ги донесе Западот без да обрнува внимание на протестите од Москва.  Заради тоа, Русија му подготви одговор на Западот. На 15 февруари, два дена пред прогласувањето на косовската независност, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се сретна со претседателите на отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија. По средбата, руското Министерство за надворешни работи издаде соопштение, во кое се вели дека „прогласувањето на независноста на Косово секако ќе биде земено предвид во рамките на односите на Русија со Абхазија и Јужна Осетија“.

Западот не го сфати сериозно ова предупредување, сомневајќи се во руската решеност да одговори и Русија ја искористи кризата во август 2008 година во Грузија, што и овозможи да ги преземе истите акции против Грузија, кои Западот ги презема против Србија. Русија ги искористи наводните грузиски злосторства врз Јужноосетијците како причина за воена интервенција, која доведе до независност на отцепените региони, поддржана од Москва. Москва сега најверојатно ќе профитира, ако не поинаку, тогаш барем реторички, без оглед на тоа каква ќе биде одлуката на МСП. Одлука дека косовската независност е нелегална ќе ја легализира и руската поддршка за независноста на Јужна Осетија и Абхазија. Иако Западот тврди дека косовскиот случај е уникатен и не создава преседан, незападното мислење за ова прашање (со многу малку исклучоци) тврди дека создава. Теоретски, тоа исто така ја отвора можноста многу повеќе држави да ја признаат независноста на двете отцепени републики, бидејќи Москва сега ќе го има аргументот дека Косово не е ништо поразлично од грузиските територии. Како и да е, на Москва не и се потребни Абхазија и Јужна Осетија за да добие меѓународна поддршка за својата контрола врз двете провинции. Москва веќе ги контролира и економски и политички и воено  и може да ги искористи за притискање на Грузија, која се уште е сојузник на САД, ако за тоа почувствува потреба. Оттаму, ако МСП донесе одлука дека независноста на Косово е нелегална, Москва нема да мора да се грижи за законските импликации од нејзината контрола врз отцепените републики.

Напротив, ќе може да се пофали дека нејзината поддршка за Белград била оправдана уште од самиот почеток и дека Западот, предводен од САД, го прекршил меѓународното право со тоа што го охрабрил Косово да прогласи независност унилатерално и без одобрение од Советот за безбедност на ОН. Москва ќе ја употреби одлуката на МСП да докаже дека од секогаш се залагала за почитување на меѓународното право и на светоста на суверенитетот. Во 2008 година, Косово за Москва претставуваше преминување на црвената линија, бидејќи создаде преседан кој му дозволуваше на Западот воено да интервенира и да ги пресоздава европските граници, без за тоа да ја праша Русија. Руската војна против Грузија во 2008 година беше одговорот кој Москва го употреби за да и се спротивстави на очигледната воинственост на западот. Одлуката на МСП, каква и да е, ќе биде вистинска „додадена вредност“ за Москва. /крај/стратфор/ссе/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Франција ги повикува младите на десетмесечна доброволна воена служба

Објавено пред

Франција почна кампања за нова десетмесечна доброволна национална воена служба, а првите учесници ќе почнат со обука во септември годинава. Програмата, која во ноември ја претстави претседателот Емануел Макрон, е отворена за сите млади француски државјани, пишува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Службата е наменета за лица на возраст од 18 до 25 години кои сакаат да придонесат за способноста на нацијата да се спротивстави во небезбедна средина, изјави на прес-конференција началникот на Генералштабот на вооружените сили, генералот Фабиен Мандон. Овој потег е дел од поширок тренд во Европа, каде што земјите ги преиспитуваат своите одбранбени стратегии поради загриженоста околу променливите приоритети на Соединетите Американски Држави под претседателот Доналд Трамп, како и поради, како што се оценува, поагресивниот став на Русија.

Од септември, 3.000 млади лица ќе се приклучат на армијата, морнарицата или воздухопловството за извршување мисии на француска територија. Планирано е бројот да се зголеми на 4.000 во 2027 година, а потоа да достигне 10.000 учесници годишно до 2030 година.

Учесниците ќе добиваат надомест од околу 800 евра месечно, а нивните задачи ќе опфаќаат широк спектар активности – од помош при природни катастрофи и антитерористички надзор, до работни позиции како оператори на дронови, пекари, механичари, електричари и медицински персонал.

По завршувањето на програмата, учесниците ќе можат да се вратат во цивилниот живот, да станат резервисти или да останат во вооружените сили. Министерката за одбрана Катрин Вотрен изјави дека ова го одразува „долгорочниот развој на војската кон хибриден модел“.

Се очекува програмата во 2026 година да чини 150 милиони евра, а вкупните трошоци за периодот од 2026 до 2030 година се проценуваат на 2,3 милијарди евра.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен остро го критикуваше „Икс“ на Маск поради АИ-содржини со голи жени

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ја критикуваше платформата „Икс“ на милијардерот Илон Маск поради ширење сексуално експлицитни deepfake содржини создадени со помош на АИ-чатботот Grok, пишува Политико.

dobivaj vesti na viber

„Згрозена сум што технолошка платформа им овозможува на корисниците дигитално да ги ‘соблекуваат’ жените и децата на интернет. Тоа е незамисливо однесување. А штетата предизвикана од овие deepfake содржини е многу реална“, изјави фон дер Лајен во интервју за повеќе европски медиуми, меѓу кои Ројтерс и Кориере дела сера.

„Нема да ја препуштиме заштитата на децата и прашањето на согласност на Силиконската долина. Ако тие не постапат, ние ќе постапиме“, предупреди таа. Од почетокот на јануари, илјадници жени и тинејџерки, меѓу кои и јавни личности, пријавиле дека нивни фотографии на социјалните мрежи биле „соблечени“ и претворени во фотографии во бикини од страна на Grok, по барање на корисници.

Алатката за креирање deepfake содржини поттикна истраги од регулаторите ширум Европа, вклучувајќи ги Брисел, Даблин, Париз и Лондон. Европската комисија минатиот четврток ѝ наложи на платформата X да ги зачува „сите внатрешни документи и податоци поврзани со Grok“, што претставува ескалација на постојната истрага за политиките за модерирање содржини на X.

Комисијата ги оцени сексуално експлицитните deepfake содржини создадени без согласност како „незаконски“, „ужасни“ и „одвратни“.

Како одговор, X ја ограничи контроверзната функција за генерирање АИ-слики само на корисници со платена претплата. Портпаролот на Европската комисија, Томас Рењер, изјави дека ограничувањето на алатката на претплатници не значи крај на истрагата на ЕУ.

Скандалот се појави како нов тест за решителноста на ЕУ да го ограничи влијанието на Маск и американските технолошки гиганти. Само еден месец претходно, Брисел ја казни платформата X со 120 милиони евра поради кршење на клучниот закон на Унијата за онлајн платформи – Актот за дигитални услуги (DSA).

Казната предизвика брза и силна реакција од Вашингтон, при што американската администрација воведе забрана за патување за поранешниот европски комесар за дигитална технологија и главен архитект на DSA, Тјери Бретон. Од платформата X не одговориле веднаш на барањето за коментар за критиките на Урсула фон дер Лајен.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди пред суд во Њујорк по обвиненија за дрога и оружје.

Трамп изјави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.

Трамп претходно предупреди дека Родригез би можела да „плати многу висока цена“ ако не соработува со Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Муцунски со осуда откако некој ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје: „Се работи за изолиран случај“

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди инцидентот во кој беше оштетена влезната врата на Амбасадата на Бугарија во...

Македонија1 час

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура2 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија3 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија3 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија5 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија6 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет7 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет7 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет8 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа8 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија16 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет20 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет21 час

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...