Свет
Повеќе од 400 загинати во поплавите во Пакистан
Во поплавите и лизгањето на земјишта настанати по големите монсунски дождови во последните три дена, во Пакистан загинале повеќе од 400 лица а загрозени се повеќе од 600 илјади луѓе, објавија во петок тамошните власти
Како што пренесува AFP, стотици живеалишта и илјадници хектари обработливо земјиште се поплавени во северозападните провинции и во покраината Кашмир, а заради невремето и поплавите целосно е затворена за сообраќај главната автострада која води за Кина. Незабележано досега количество дожд наврнало во последните 36 часа во северозападниот дел од Пакистан, соопшти националната метеоролошка служба, од каде најавуваат смирување на временските прилики во следните неколку денови. Најпогодена била покраината Кајбер Пактунква, односно порано позната по админситративното име Покраина на северозападната граница, во чии планински предели живеат многубројните сиромашни племенски заедници. Покраинскиот министер за информации за пакистанските медиуми на прес-конференција во Пешавар изјавил дека овие се најтешките поплави кои кога и да е го погодиле ова подрачје. Покрај големата бројка загинати, уште околу 150 лица се водат како исчезнати, а министерот додал и дека во оваа покраина се поплавени најмалку 200 километри сообраќајници. Во пакистансито дел од Кашмир чиј дел исто така е поплава, забележани се 22 жртви, а во покраината Балучистан има 25 пријавени загините лица.Агенцијата прави споредба дека во трите дена од обилните дождови загинаа трипати повеќе луше отколку во авионската несреќа во близина на Исламабад во коај живтотите ги загубија 152 лица. Иако директната причина за падот на авионот се уште не е позната, пакистанските медиуми пишуваа дека тој подолго време кружел над главниот град чекајќи да се расчисти гужвата на аеродромската писта и да се подобрат условите за слетување влошени исто така од силниот дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

