Македонија
Клучката кај Континентал ќе се одводнува со нов колектор

Со магистрален атмосферски колектор од клучката кај хотелот Континентал преку населбата Ќерамидница до коритото на реката Вардар ќе се решава проблемот со водата што се собира при обилни дождови
За целосно и квалитетно решение за проблемот на сливањето на атмосферските води кај клучката кај хотелот Континентал Град Скопје планира да започне изградба на магистрален атмосферски колектор од клучката до реката Врадар кон крајот на оваа година или почетокот на следната. Градот се одлучи за вакво решение по добивањето на заклучоците од Комисијата за утврдување на состојбата за одводнување на атмосферските води при поплавување на дел од клучката за време на временски непогоди. Врз основа на приложената документација за изведба на атмосферска канализација и изјавата на надзорниот орган и надзорот од ЈП Водовод и канализација, Комисијата констатирала дека изведената канализација е во согласност со проектната документација, соопштуваат од Град Скопје. Констатирано е дека целокупниот систем на примарната и секундарната атмосферска мрежа во поширокиот простор околу клучката кај Континентал, при дождови со нормален интензитет ја задоволува функцијата, нопри зголемен интензитет не може да ја изврши функцијата бидејќи колекторот или дел од колекторот за атмосферски води во поширокиот регион не е целосно завршен. Комисијата го задолжи ЈП Водовод и канализација во соработка со надлежните служби од Град Скопје да изврши внатрешно снимање на колекторскиот систем во склоп на клучката, за да се провери нивната функционалност. Екипа на Градот Скопје и ЈП Водвод и канализација излезе на терен за да ја утврди вистинската состојба на трасата на која треба да се гради новиот колектор, соопштуваат од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).