Регион
Фуле: Косово наскоро може да почне преговори за ССА
Косово во првата половина од следната година може да започне разговори за Процесот за стабилизација и асоцијација со Европската унија,, доколку косовските институции сериозно работат на спроведувањето на реформите, изјави во Приштина еврокосмесарот за проширување, Штефан Фуле.
Комесарот на Европската комисија за проширување, Шрефан Филе во петокот на прес-конференцијата по разговорите со косовскиот премиер Хашим Тачи, изјави дека студијата за изводливост, претставена во средата во Брисел, потврдила дека нема пречки за преговори за Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Косово и ЕУ.
„Патот на Косово кон ЕУ не зависи од нас во Унијата, туку од вашата работа на реформите и способноста да изградите силен консензус во косовското општество“, рече Фуле.
Еврокомесарот, исто така, рече дека северот на Косово останува предизвик за ЕУ, истакнувајќи дека Унијата е подготвена да му помогне на Косово во решавањето на овој проблем. Додаде дека е многу важно Косово да ги применува сите договори досега постигнати меѓу Приштина и Белград, што е порака која има ја пренел и на српските функционери.
Косовскиот премиер Хашим Тачи, од своја страна потврди дека интеграцијата во ЕУ е политички приоритет за Косово. Ги поздрави препораките од студијата за изводливост, додавајќи дека Косово е подготвено да ги задоволи сите препораки коишто произлегуваат од неа. Тачи притоа изрази и подготвеност за нормализација на односите со сите косовски соседи, особено нагласувајќи ја Србија.
Комесарот на ЕУ за проширување, Фуле, при неговата посета на Косово се состана и со претседателката Атифете Јахјага, како и со претседателот на косовскиот парламент, Јакуп Красниќи.
Европската комисија во средата го објави годишниот извештај за напредокот на седумте земји кандидати и потенцијални кандидати за прием во Европската унија, како и студијата за изводливост за Косово со препорака за отпочнување на Преговорите за стабилизација и асоцијација. Косово е во специфична ситуација, имајќи предвид дека неговата независност не ја признаваат уште пет земји членки на ЕУ, и уште е единствената којашто нема ниеден договорен однос со ЕУ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

