Регион
Земјотрес во Романија со магнитуда од 4,4 степени

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени по Рихтер го погоди во неделата доцна вечерта источниот дел на Романија, во планинската област Вранча во Карпатскиот масив, чиј епицентар бил на длабочина од 38 километри, соопшти романскиот Национален институт за геофизика.
Засега нема информации за жртви и оштетувања. Земјотресот бил почувствуван и предизвикал вознемиреност во соседна Романија.
„Познато е дека во Романија може да дојде до силни земјотреси кои се чувствуваат и во нашата земја“,изјавил за медиумите шефот на Центарот за експериментална сеизмологија во молдавската престолнина Кишињев, Иван Илиеш. Истакнал дека сеизмолозите сметаат оти појавата на земјотресите може да зачести бидејќи на територијата на соседна Романија се спроведуваат истражувања за добивање гас од шкрилци.
„Станува збор за тоа што работата во тие пластови на земјените карпи може да генерира слано поместување на земјината кора и, како последица, појава на земјотреси“, појаснил Илиеш.
Последниот земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихетер, беше регистриран на 22-ри ноември, и според романските сеизмолози тоа беше најсилниот земјотрес во последните десет години. Претходно земјотрес со слична магнитуда го погоди и истокот на Романија во октомври, но ни тогаш немаше жртви ниту штети.
Источната романска област Вранча во Карпатите е сеизмички активна зона сместена на спојот на три тектонски плочи и една од најтрусните европски области.
Еден од најсилните земјотреси во оваа област беше регистриран на 4-ти март 1977 година, кога потресот со магнитуда од 7,2 степени предизвика големи разурнување во кои загинаа 1.574 луѓе, а повеќе од 11 илјади беа повредени./крај/мф/сн
Извор: TAСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.