Свет
Шест повредени во експлозија во Норвешка
Шест лица се повредени од кои три се во критична состојба, во понеделникот во експлозија во фабриката „Malm Orstad AS“ во провинцијата Рогалан во југозападниот дел на Норвешка, јави телевизијата НРК.
Шест лица се повредени од кои три се во критична состојба, во понеделникот во експлозија во фабриката „Malm Orstad AS“ во провинцијата Рогалан во југозападниот дел на Норвешка, јави телевизијата НРК.Експлозијата ја потресла фабриката околу 10 часот утрово по локално време. Од компанијата, во којашто се вработени повеќе од 100 луѓе, којашто се наоѓа во близина на претпријатие за млечни производи, и од локалната полиција соопштија дека експлозијата поточно се случила во соседното претприајтие. На место биле испратени противпожарни екипи и екипи на брзата помош.Меѓутоа, се покажа дека експлозијата се случила во фабриката каде што, според првичните податоци, била тестирана опрема којашто се користи во нафтената индустрија. Зградата била зафатена од пожар, се додава во информацијата на норвешката телевизија.„Три лица се во критична состојба и се префрлени во клиниката во градот Берген, додека другите тројца повредени се со полесни повреди“, изјави за телевизијата HPK, претставничката на клиниката Ставангер, Мари Кох Сингелстад, каде прво биле хоспитализирани повредените.Според информациите од спасувачките служби, нема лица коишто се водат како исчезнати по силната експлозија. На местото на инцидентот работат 25 пожарникари кои по еден час успеале да го локализираат огнот.Норвешката компанија „Malm Orstad As“ е основана во 1946 година и се занимава со производство на опрема за нафтената индустрија./крај/хпк.рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

