Свет
Судството е под притисок на МВР

На фалбите за
реформските успеси во правосудството, вчера на состанокот на Советот за реформи
во правосудството професор Гордан Калајџиев од Правниот факултет предупреди
дека во моментов судството е под голем притисок и оти брзите реформски решенија
може да доведат до неконзистентност.
СОВЕТ ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО
На фалбите за
реформските успеси во правосудството, вчера на состанокот на Советот за реформи
во правосудството професор Гордан Калајџиев од Правниот факултет предупреди
дека во моментов судството е под голем притисок и оти брзите реформски решенија
може да доведат до неконзистентност. Тој вели дека актуелниот силен притисок на
МВР врз судиите не смее да доведе до тоа правната држава да се претвори во
полициска. Калајџиев додава дека се прават неконзистентни реформи во полицијата,
судството и во Обвинителството, па резултатот од тоа е некои нивни надлежности
да се испреплетуваат.
Министерот за правда Михајло Маневски и Бекир Исени, претседател на Судскиот
совет, кои генерално оценија дека реформите одат добро, по кој знае кој пат
апелираа до Собранието да ги избере останатите пет негови членови. "Пред
Судскиот совет претстои огромна работа која е определена со рокови со Законот
за судовите, Законот за судски совет и други закони од оваа област",
потсети Маневски. На тема состојба во казнено-поправните установи, пак, најави
изградба на дом – болница во затворот "Идризово", за наркозависниците
и за лица со инфективни болести.
Народниот правобранител Иџет Мемети, пак, смета дека паралелното постапување по
Законот за полагање правосуден испит и по Законот за Академија на обука на
судии и јавни обвинители како да го закочува системот. Во иднина, вели тој,
треба да се води сметка како ќе функционира Академијата и да се направи добра
анализа во однос на функционирањето на овој паралелен систем.
Исени има забелешка на актуелниот Закон за стечај и рече дека придонесува некои
стечаи да траат и по десет години. "Ако сакаме тие стечаи кратко да траат,
треба да се измени тој закон", предложи Исени. (С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.