Свет
Руски бизнисмен заклал тројца разбојници кои се обиделе да го ограбат
Руски бизнисмен успеал да го одбрани домот и семејството од четворица вооружени разбојници, кои во текот на ноќта упаднале во нивниот дом со цел да ги ограбат.
Како што јавија руските медиуми, бизнисменот Гегам Саркисјам (52) убил тројца од четворицата напаѓачи во инцидентот кој се случил во местото Богородицк, во Тулскиот регион.Разбојниците, кои биле вооружени со ножеви, пиштол и безбол палка, упаднале во неделата навечер во домот на Саркисјам, при што веднаш започнале да го тепаат и да му бараат пари. Домаќинот успеал некако да одолее на ударите, по што за момент се оттргнал и дофатил голем кујнски нож со кој го возвратил нападот усмртувајќи тројца од напаѓачите, додека четвртиот побегнал.Саркисјам по инцидентот бил префрлен во болница каде што е утврдено дека се здобил со потврди на главата, а во пресметката којашто траела повеќе минути, повредени биле и неговата жена и деца.Руската јавност е окупирана со прашањето дали Саркисјам ќе одговара за убиство во сопствениот дом, но повеќе угледни адвокати предвидуваат дека тој ќе биде ослободен од одговорноста, бидејќи убиствата ги извршил во нужна самоодбрана.Јавното обвинителство по службена должност поднесе обвинение за убиство против Саркисјам и побара да се истражат сите околности на настанот.Во одбрана на Саркисјам застанаа здруженијата за борба на човековите права, како и гувернерот на Тулскиот регион, но истражните органи укажуваат дека е потребно да се испитаат сите детали и да се провери дали е прекршена нужната самоодбрана.Полицијата, која сé уште трага по четвртиот напаѓач, му понуди целосна заштита на семејството на Саркисјам, при што изрази сомневање дека нападот бил организиран од нивни блиски роднини. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

