Македонија
Осум години затвор за сопственик на ресторан кој изнудувал пари
Организатор на криминалната група бил сопственик на ресторанот „Виторија“ во Скопје, Дејан Стојановски кој е осуден на осум години затвор.
Акцијата на полицијата со оперативна обработка „Виторија“ заврши со осудителни пресуди за седумина уапсени и притворени од кои и полицаец на кои им се судеше за насилство и изнуда кое го вршеле две години. Организатор на криминалната група бил сопственик на ресторанот „Виторија“ во Скопје, Дејан Стојановски кој е осуден на осум години затвор. Тој стапувал во деловна соработка со лица сопственици на фирми со кои договарал различни видови „бизнис зделки“ (најчесто договорите се усмени) и откако истите ќе ја сработеле договорената работа, им кажувал дека не е задоволен од сработеното, а за наводната штетата што тие му ја направиле им наложувал да му исплатат пари. За наплата на парите го ангажирал цело семејство Гениќ, мајка, татко и син кои поставувале бомби, подметнувале пожари, грабнувале луѓе за да го наплатат наводниот долг. Горан Гениќ е осуден на 8 години и шест месеци затвор , а сопругата две години и еден месец. Синот судот го осуди на три години и осум месеци затвор. Во јануари годинава скопјанец се криел од бандата поради наводен долг од 30.000 евра. Семејството ја грабнале неговата сопруга заедно со малолетниот син и присилно ја држеле во стан. Цело време ја терале жената да се јавува по роднини и пријатели за да собере пари. Осомничените подметнале бомба под автомобил на државјанин од Србија. Бомбата се откачила во моментот на движење на возилото и експлодирала на улица при што едно лице е повредено и е причинета материјална штета на околните дуќани. Насилниците барале пари за изработка на опрема за производство на пиво и истиот да му ја опреми пиварата во Куманово во вредност од 60.000 евра. Откако работата била завршена му биле дадени 48.750 евра, а за доплата на сумата му дал БМВ – џип (кој не бил целосно исплатен кон лизинг компанијата). Потоа еден од насилниците кажал дека наводно не бил задоволен од работата и си ги барал парите и џипот назад. Оштетениот се спротивставил по што почнале заканите и била подметната бомбата. Сопственикот на ресторанот договорил изработка на тенда за 10.000 евра. Откако му била намонтирана тендата по истата шема насилникот кажал дека е незадоволен и почнувало малтретирањето. Повторно била ставена бомба, но сега пред вратата од станот на оштетениот. И оваа бомба екслодирала додека семејството било дома. На истиот начин биле уценувани и скопјани за пари со бизнис за компјутери. Насилниците незадоволни од тоа што не успеале да добијат тендер го натепале претседателот на Управниот одбор на Здружението на архитекти со дрвена безбол палка од зад грб, удирајќи го во пределот на тилот, грбот и нозете. За насилствата се осудени и Мурат Фазли на три години шест месеци затвор и Бранислав Бранковски на две години. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

