Свет
Два нови силни земјотреса во Јапонија

Два силни земјотреса со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погодија денеска источниот брег на јапонскиот остров Хоншу, кој во катастрофалниот потрес на 11. март се помести за 2,5 метри кон исток.
Два силни земјотреса со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погодија денеска источниот брег на јапонскиот остров Хоншу, кој во катастрофалниот потрес на 11. март се помести за 2,5 метри кон исток. Според податоците на геофизичката служба на Руската академија на науки, подземните потреси се регистрирани во Тихиот океан на длабочина од 33 километри. Руските сеизмолози проценуваат дека епицентарот на земјотресите бил на околу 180 километри од јапонскиот брег. Засега нема податоци за евентуални последици. Силен земјотрес со јачина од 8,9 степени ја погоди Јапонија на 11. март, предизвикувајќи цунами што го опустоше крајбрежниот појас во североисточниот дел на земјата. Според последните податоци, во овој земјотрес загинаа најмалку 13.800 луѓе, додека 14.000 се водат како исчезнати. Околу 137.000 луѓе и натаму се наоѓаат во центрите за евакуација. /крај/сар/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.