Свет
Илјадници евакуиран заради вулканите во Гватемала и Еквадор
Лавата и пепелта од екваторскиот вулкан Тунгурахуа ги натера властите да го затворат аеродромот Гуајакуил во Еквадор а во Гватемала од петокот е затворен аеродромот во главниот град
Вулканот кој се наоѓа на 5.823 метри надморска височина се јавува со периодични ерупции од 1999 г. а засилена вулчканса активност покажа во август 2006 г. и февруари 2008 г. Екваторсктие власти соопштија дека во овие ерупции нема загинати, но превентивно се евакуирана жителите на градовите Касу и Хуива Гранде во централнито дел од земјата.Вулканот Тунгурахуа се наоѓа на 140 километри јужно екваторската рпестолнина Кито. ОВа е втора по големина ерупција во Јужна Америка во последните неколку денови. Во ерупцијата на гватемалскиот вилкан Пакаја во четвртокот загинаа најмалку три лица. Двајца жители од селото Ел Бејукал и локалниот репортер на CNN загинаа во ерупцијата на Пакаја. Сите тројца загианел од камењата кои летале при ерупцијата.Претседателот на државата, Алваро Колом, прогласи вонредна состојба и нареди евакуација на околу две илјада лица кои живеат во четири села на подрачјето околу вулканот, како и затворање на меѓународниот аеродром Ла Аурора во главниот град Гватемала сити кој претставува трет најголем аеродром во централна Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Maж во БиХ ја убил сопругата, па самиот се пријавил во полиција
Нов случај на фемицид се случи во Босна и Херцеговина, каде 63-годишен маж ја застрела сопругата, потврди локалното обвинителство. Злосторството било извршено синоќа во градот Кључ во северозападниот дел на Босна, а полицијата за тоа добила информација утрово.
Веднаш го известиле жупанското обвинителство, а од таму потврдиле дека истрагата утврдила дека во семејна куќа во населбата Велагиќи маж со иницијали К.М. (63) пукал и ја убил сопругата.
Тој се предал во Полициската станица Кључ и веднаш бил приведен. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија.
Зголемениот број и бруталност на убиства во кои жртвите биле сопруги или партнери на луѓето кои ги убиле, предизвикаа нов бран протести во земјата и сè поинтензивна кампања против родово базираното насилство, но законодавството во БиХ сè уште не го дефинира фемицидот како особено тежок облик на кривично дело што би се казнило построго.
Фемицидот во правната практика се дефинира како родово засновано убиство мотивирано од чувството на супериорност над жените.
Дополнително, голем процент од жените во БиХ се изложени на различни форми на насилство, па во првите девет месеци од 2024 година речиси пет илјади од нив побарале помош и совет преку специјално воспоставените СОС телефонски линии.
Нема официјална статистика која би важела за цела БиХ и би третирала случаи на фемицид, но различни невладини организации во таа земја собрале информации за најмалку 60 жени кои биле убиени од нивните партнери од 2015 година. Податоците се достапни на веб-страницата на организацијата Мрежа на жени.
Свет
Израел: Во терористички напад избодена 80-годишна жена, напаѓачот е приведен
Постарата жена која беше избодена и тешко ранета во терористички напад во градот Херцлија, Израел, им подлегна на повредите, соопштија денеска израелските здравствени власти.
Од болницата во Тел Авив, каде што била пренесена, велат дека жената имала 80 години и била избодена повеќе пати.
Напаѓачот бил застрелан од обезбедувањето во близина и приведен од полицијата, пишува „Тајмс оф Израел“.
Неговата состојба засега не е позната.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека комесарот Даниел Леви се упатил на местото на терористичкиот напад.
Регион
Мајмунски сипаници во Приштина, прв регистриран случај кај 30-годишен маж
На Косово е забележан првиот случај на „Mpox”“, болест која уште се нарекува и „мајмунска сипаница“, јавуваат тамошните медиуми.
Институт за јавно здравје, од Косово соопшти дека Лабораторијата за микробиологија преку ПЦР тест утврдила дека 30-годишен маж е заразен со овој вирус и веднаш бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.
Како што пренесува порталот Телеграфи.ком, овој човек неодамна престојувал во Африка, а има треска, промени на кожата на лицето и рацете и чешање.
Пациентот е во стабилна состојба, а се проверуваат сите контакти што ги имал како и членовите на неговото семејство, според написите.