Свет
Раселените Пакистанци се враќаат дома

Првиот конвој автобуси со лица кои биле сместени во привремените кампови допатувал денес, пренесува BBC, откако пакистанската влада дала согласност да се вратат дел од двата милиона раселени од долината Сват
Во првата фаза се планирани околу 200 фамилии сместени во кампови да се вратат во своите домови. За утре се планирани уште 800 фамилии. Сите се враќаат во Сват, откако го напуштиле заради воениот конфликт. Обединетите нации истакнале дека враќањето на раселените мора да биде волонтерско.Тие кои се враќаат први се од областите каде битките меѓу војската и талибаните биле најжестоки. Извештаите од таа област укажуваат дека таму немало борби приближно веќе три недели. Враќањето било набљудувано од војската значително присутна во регионите Сват, Малаканд и Бунер, откако талибанските бунтовници биле протерани. „Контингентите на полицијата и војската се поставени на сите поважни точки низ патот, за да обезбедат безбедно движење на конвоите“, за Би-Би-Си изјавил Миан Ифтикар, министер за информации на северозападната гранична провинција.„Секоја фамилија која што го напушта кампот добива парична помош од владата“, кажал генералот Надим Ахмад, координатор на операцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.