Свет
Промоција на бродот изграден од челикот на кулите близначки
Воениот брод USS New York, koj e направен од 7,5 тони челик од Светскиот трговски центар (двете кули близначки), пристигнал во вторник во њујоршкото пристаниште.
Воениот брод USS New York, koj e направен од 7,5 тони челик од Светскиот трговски центар (двете кули близначки), пристигнал во вторник во њујоршкото пристаниште. USS New York е еден од трите бродови, колку што ќе бидат вкупно направени. Останатите два се во изградба Arlington (Pentagon) и Somerset(округ во Пенсилванија) кој го носи името на едно од локациите од терористичките напади од 11 септември 2001 година. Бродот, чиј екипаж го сочинуваат 800 маринци, отпловил од реката Хадсон до местото каде што се уништени кулите на Светскиот трговски центар. Во знак на помен на загинатите во терористичкиот напад, бил испален почесен плотун од 21 топ. На тоа место се собрале семејствата на жртвите, градските власти и голем број граѓани на Њујорк. Американската морнарица ќе одржи свечена церемонија во сабота. Изградбата на бродот долг 208 метри чинела 1,2 милијарди долари. /крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Градоначалничката на Лос Анџелес издаде наредба за обнова на домовите погодени од шумски пожари
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бес, издаде извршна наредба за обнова на домовите и деловните објекти уништени за време на шумските пожари во округот Лос Анџелес, кои изгореа повеќе од 40.000 хектари и уништија повеќе од 12.000 објекти.
Според уредбата, градските агенции ќе го забрзаат одобрувањето на привремените дозволи за 1.400 станбени единици кои се речиси завршени, а ќе се формираат „Работна група за отстранување остатоци“ и „Работна група за опасност од лизгање на земјиште“ кои ќе развијат планови за отстранување и ублажување на отпадот, ризик од поплави и лизгање на земјиштето по пожарот, пишува ABC News.
Регулативата, исто така, наложува забрзување на процесот на одобрување градежна дозвола, со цел да се заврши разгледувањето на барањата во рок од 30 дена.
За зградите што се реконструираат, од градските агенции ќе се бара да ги обработат потребните дозволи и потврди за користење во рок од пет работни дена.
Градоначалничката додаде дека „сите напори ќе бидат насочени кон решавање на административните пречки со цел да се забрза реконструкцијата со взаемна помош, здрав разум и сочувство“.
Регион
Дачиќ: Инцидентот на Правниот факултет нема политичка позадина
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ утрово изјави дека е „неспорно“ утврдено оти инцидентот на Правниот факултет во Белград, кога неколку студенти се здобија со полесни повреди, нема политичка позадина и дека е „апсолутно сигурно“ дека „никој однадвор не донел било кого на тој факултет“ за таму да направи инциденти.
„Тој настан нема никаква врска со државните органи, полицијата, безбедносните служби. Не станува збор ниту за членови на политички партии“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).
Наведе дека малолетник, кој не е студент, пријавил дека некој го малтретира пред Правниот факултет, поради што полицијата дошла и го привела пријавениот дури подоцна утрото кога било објавено на социјалните мрежи дека имало инциденти, полицајците, студентите од Правниот факултет, кои имале полесни физички повреди, ги прашале што се случило.
„Но, не сакаа да одговорат, па ќе се изјаснат денеска во 15 часот, затоа ги поканив студентите да се изјаснат за да знаеме за што се работи“, рече Дачиќ.
Тој кажа дека синоќа биле сослушани девет лица, од кои четворица биле задржани во полиција 48 часа, како и две ученички од други факултети и две средношколки кои биле со нив.
Дачиќ, денеска изјави дека опозицијата одбива да учествува на советодавниот референдум со кој ќе се провери поддршката од граѓаните за претседателот Александар Вучиќ, бидејќи знае кој би бил резултатот.
„Ова е лакмусов тест, можете да видите дека имате работа со политичари кои сакаат власт, но ако е можно без избори, бидејќи од нив не можат да добијат никакви добри резултати“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).
Европа
Поранешниот грузиски премиер претепан од членови на проруската владејачка партија
Во Батму, град на брегот на Грузија, брутално беше претепан поранешниот премиер и лидер на опозициската партија „За Грузија“, Георги Гахарија, кој се здоби со потрес на мозокот и скршеница на носот. За нападот се осомничени пратеници од владејачката партија Грузиски сон, а како што објави „Грузија Тудеј“ нападот се случил во фоајето на хотелот Шератон.
My solidarity is with @GakhariaGiorgi. We are living in dangerous times. #TerrorinGeorgia pic.twitter.com/9JBnxcQ2BW
— Gocha Gogsadze (@gocha_gogsadze) January 15, 2025
Според грузиските медиуми, очевидци тврдат дека во нападот учествувале пратеникот од партијата Грузиски сон Дмитриј Самхарадзе, со уште неколку лица. Полицијата соопшти дека покренала постапка по член од Кривичниот законик за телесни повреди, но не ги коментираат информациите за вмешаност на пратеникот во инцидентот.
Медиумите посочуваат дека полициската патрола пристигнала на местото само 40 минути подоцна, многу подоцна од Брзата помош. Во тоа време, персоналот на хотелот веќе почнал да го чисти местото на инцидентот, додека од клиниката во која бил пренесен Гахарија, бил пријавен дека тој одбил хоспитализација и ја напуштил болницата откако му била укажана прва помош.
JUST IN: For Georgia party leader and ex-PM Giorgi Gakharia attacked by regime MP and GD regional secretary Dimitri Samkharadze as well as Ajara Supreme Council members in Sheraton Batumi. Gakharia hospitalized. #terrorinGeorgia
According to journalist Gela Mtivlishvili. pic.twitter.com/DW2I39csCp— Marika Mikiashvili 🇬🇪🇺🇦🇪🇺 (@Mikiashvili_M) January 14, 2025
„Според достапните податоци, врз него е извршено физичко насилство. Извршени се клинички, лабораториски и инструментални прегледи. Пациентот е свесен, хемодинамиката е стабилна. Најтешките повреди се фрактура на носната коска и потрес на мозокот. Пациентот ја напуштил клиниката по своја слободна волја“, рече докторката Тако Шантаџе.
Партијата „За Грузија“ објави соопштение во врска со нападот врз нејзиниот лидер и повика на итна и темелна истрага.
„Партијата „За Грузија“ бара итна и темелна истрага за овој насилен напад организиран од режимот на Иванишвили и повикува сите одговорни да бидат целосно казнети. Овој политички мотивиран напад е јасен обид да се заплаши опозицијата и да се задуши несогласувањето. Таквите акции никогаш нема да ги замолчат гласовите кои се борат за демократската и европската иднина на Грузија“, се вели во соопштението.