Свет
Бурата Агата однесе 19 животи
Најмалку 19 луѓе загинале во Гватемала и Салвадор во тропската бура Агата, прва сезонава, а властите на две средноамерикански држави страхуваат од растење на црниот биланс
Бурата Агата следена со силни дождови дојде до границите на Гватемала и Мексико, а одроните и поплавите му се закануваат на соседниот Салвадор, пренесе AFP. Американскиот Центар за урагани во Мајами издаде предупредување за трите држави дека се можни уште посилни дождови во југоисточно Мексико, Гватемала и Салвадор, пренесува Reuters. Два дена откако ерупцијата на вулканот Пакаја во Гватемала однесе три живота а три лица уште се водат како исчезнати, во поплавите животите ги загубија уште 13 луѓе а 24 се исчезнати. Вкупно се евакуирани околу 80 илјади луѓе, соопшти во неделата гватемалскиот претседател Алваро Голом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа
Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените власти под контрола на Хамас.
Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет вработени од блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди и директорот на болницата Камал Адван, Хусам Абу Сафија.
Информацијата не е независно проверена, а израелската војска не била подготвена да ги коментира наводите.
Во меѓувреме, Израелците објавија дека еден од нивните војници загинал за време на судирите во северниот дел на Појасот Газа. Претходно, палестинските медиуми објавија дека најмалку девет Палестинци загинале, а неколку други се ранети во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа.
Во извештајот на новинската агенција ВАФА се вели дека куќите во градот Газа биле погодени синоќа во воздушен напад. Цивилната заштита под контрола на Хамас соопшти дека најмалку 13 лица загинале, а околу 40 се повредени. Израелската војска соопшти дека ќе го истражи извештајот.
Свет
Перу прогласи еколошка катастрофа по излевањето на нафта во океанот
Перуанската влада прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд во Тихиот океан се излеа пратка сурова нафта од државната нафтена компанија.
Брод што маневрираше пред испуштање нафта предизвика излевање на терминалот на рафинеријата Талара во северниот дел на Перу во саботата.
„Петроперу“ не кажа колку сурова нафта се излеа во океанот, но Агенцијата за заштита на животната средина на Перу ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри водена површина се контаминирани, а Министерството за заштита на животната средина објави дека се зафатени најмалку седум плажи и локална фауна.
Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала на крајбрежни растенија и животни, како што се раковите, кои се загрозени. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.
„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио RPP.
„Она што се случи е хаос“, додава.
Свет
Почина поранешниот индиски премиер
Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија (AИМС).
Болницата соопшти дека тој ненадејно изгубил свест и бил пренесен во болница во Њу Делхи, каде што починал.
Синг беше премиер на Индија од 2004 до 2014 година.
Синг е заслужен за насочување на Индија кон огромен економски раст и извлекување на стотици милиони луѓе од длабока сиромаштија. Исто така, како министер за финансии, Синг беше архитект на реформите кои ја спасија индиската економија од сериозна криза.
До крајот на неговиот втор мандат, достигнувањата на Синг беа засенети од корупциски скандали во неговата администрација. Синг никогаш не бил обвинет дека е корумпиран, но неговиот имиџ наишол на удар.
Неколку месеци пред неговата смрт, Синг на прес-конференција рече дека направил најдобро што можел како премиер, пренесува Ројтерс.
„Искрено верувам дека историјата ќе биде пољубезна кон мене од современите медиуми или, опозициските партии во парламентот“, рече тој, според Ројтерс.
Синг зад себе остави сопруга и три ќерки.