Економија
Доне Таневски доби 259.000 евра дивиденда од „Македонијатурист“
Доне Таневски, најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“ и претседател на УО на таа компанија, за 2010 година од дивиденда од своите акции заработил 15,96 милиони денари (околу 259.000 евра)
Доне Таневски, најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“ и претседател на УО на таа компанија, за 2010 година од дивиденда од своите акции заработил 15,96 милиони денари (околу 259.000 евра). Со оваа заработка Таневски е акционерот што остварил најголем принос од дивиденда на своите акции, во споредба со сите акционери во 32 друштва кои котираат на двата сегменти на Официјалниот пазар на Македонската берза. Втор на листата акционери со најголем принос од дивиденда е Живко Мукаетов, генерален директор на претседател на УО на „Алкалоид“. Неговата заработка од акциите во „Алкалоид“ во 2010 година изнесува 13,8 милиони денари (над 224.000 евра н.з.). Мукаетов е најголем поединечен акционер во „Алкалоид“ една од најпознатите македонски бизнис брендови во светот. Младиот менаџер најголем дел од своите акции ги наследи од неговиот татко Трајче Мукаетов, долгогодишен директор кој од производите на „Алкалоид“ направи интернационални познати брендови. Живко Мукаетов е единствен и по тоа што со дивиденда купува акции од компанијата која ја раководи. А тоа е манир на менаџер што ги спроведува принципите на корпоративно одговорно однесување. Како што објавивме неодамна Мукаетов најголем дел од својата дивиденда ја вложи во 2.000 акции со право на глас на „Алкалоид“ (околу 8,8 милиони денари). Со тоа дава јасен сигнал на потенцијални инвеститори дека верува во иднината на компанијата со која раководи. Трета на листа е Соња Бибановска, членка на УО на „Македонијатурист“ која за 2010 година добила 11,3 милиони денари за своите 11 отсто акции во најголемата хотелиерска компанија во земјава. На листата се наоѓа уште една жена – Билјана Јованова, втор по големина поединечен акционер во „Алкалоид“. Нејзиниот дивиденден принос за лани изнесува 10,8 милиони денари (околу 175.000 евра). Јованова поседува 5 отсто од акциите со право на глас во „Алкалоид“ , а ги наследи од својот татко Трајче Мукаетов, долгогодишен директор на таа компанија. На листата на акционери со најголем дивиденден принос се наоѓа и Славица Туџарова-Трајковска, најголем поединечен акционер во фармацевтската компанија „Реплек“. Туџарова-Трајковска за лани добила 9,2 милиони денари дивиденда (околу 150.000 евра). Туџарова-Трајковска своите акции (11,6 отсто од главницата на „Реплек“) ги наследи од својот татко Душан Туџаров, претседател на управниот одбор на „Реплек“. По неа, на листата следува нејзиниот брат Иван Туџаров, исто така ги стекна како наследство од својот татко Душан Туџаров. За неговите 11 отсто од „Реплек“ доби 9,1 милиони денари. По нив следува Страшо Милковски, долгогодишен генерален директор на најголемата македонска градежна компанија „Гранит“. Милковски, кој е и претседател на УО на „Гранит“ поседува над 16 отсто од главницата на таа компанија. Неговиот стек во компанијата за 2010 година му носи принос од 4,5 милиони денари (околу 73.000 евра). На осмото место на листата се наоѓа Драган Наков, сопственик на 11,8 отсто од акциите на „Фершпед“ наследени од неговиот татко Штерјо Наков, претседател на УО на „Фершпед“. Наков за лани од своите акции во групата „Фершпед“ доби 4,2 милиони денари (околу 68.000 евра). /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

