Свет
Коко Шанел шпионирала за нацистите
Славната француска модна креаторка, Коко Шанел, шпионирала за нацистичкиот режим во Втората светска војна, се тврди во книгата којашто ќе излезе денеска во САД.
Славната француска модна креаторка, Коко Шанел, шпионирала за нацистичкиот режим во Втората светска војна, се тврди во книгата којашто ќе излезе денеска во САД.
Како што пренесува AFP, американскиот новинар Хал Воган, кој живее во Франција, авторот на оваа нова книга биографија на Коко Шанел, истакнува дека при пишувањето на книгата се потпирал на многу француски, англиски, германски и американски архивски материјали.
Во биографијата насловена „Во кревет со непријателот, тајната војна на Коко Шанел“, Воган пишува дека креаторката во 1940 година кога веќе имала 57 години, била врбувана од германската служба Абвер, разузнавачката служба на германскиот генералштаб. Тогаш таа станала агентката водена под шифрата F-7121 со кодното име Вестминстер, според името на нејзиниот поранешен љубовник и пријател, англискиот војвода од Вестминстер
Абвер во август 1941 година ја испратил на задача во Шпанија со уште еден агент, баронот Луј де Волфрелан, кој бил задолжен за врбување нови агенти. Како што пишува во книгата, Коко Шанел се надевала дека нацистичките власти ќе и’ возвратат со ослободувањето на нејзиниот внук Андре кој бил затворен во логор.
Во тоа време Коко Шанел била вљубена во германскиот офицер и германски агент, баронот Ханс Гинтер фон Динклаге наречен „Шпац“ со која останала во долга врска. Шанел повторно дошла во Мадрид во 1944 година, каде од еден офицер на Гестапо добила поголема сума пари, се наведува во книгата на Воган.
Инаку Коко Шанел, којашто живееше од 1883 до 1971 година, секогаш ја негираше соработката со нацистите./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА

