Свет
Блумберг:Станува збор за сериозна бура
Станува збор за сериозна бура и потребно е тоа да го разберете, изјави денеска градоначалникот на Њујорк Mајкл Блумберг на вонредна прес конференција.
Станува збор за сериозна бура и потребно е тоа да го разберете, изјави денеска градоначалникот на Њујорк Mајкл Блумберг на вонредна прес конференција.Тој уште еднаш ги предупреди жителите на Њујорк да се придржуваат на упатствата и дека сите што се наоѓаат во зоната на евакуација, веднаш да одат во предвидените засолништа.„Станува збор за сериозна бура. Се надеваме дека нема да биде онаква од каква стравуваме, но мораме да бидеме подготвени за најцрното сценарио“, рече Блумберг, нагласувајќи дека ќе има проблем при пружањето помош на оние што ќе решат да останат во загрозените подрачја.„Постои можност некои делови од градот да останат отсечени, некои да останат без струја. Ако имате дуќани во зоната на евакуација, затворете ги, напуштете го тоа подрачје и со себе понесете ги најнеопходните работи“, рече градоначалникот на Њујорк, порачувајќи им на граѓаните да се чуваат од дрвјата кои може да бидат искорнати и некого да убијат, како и да бидат подалеку од прозорците поради можни оштетувања.Блумберг предупреди дека Њујорк нема никакви искуства со силни урагани и изрази надеж дека сите мерки на претпазливост на крајот ќе излезат претерани.Ураганот „Ирена“ стигна до брегот на Северна Каролина, ослабен, но сè уште моќен, објави Националниот центар за урагани. Ураганот што ослабе до прва категорија, проследен е со ветришта кои дуваат со брзина од 140 километри на час, јави центарот од Мајами.Се очекува ураганот по Северна Каролина, каде што без струја останаа неколку стотици илјади Американци, да продолжи да се движи кон Вашингтон, Њујорк и Бостон. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

