Свет
Уапсен човек што пренесувал ураниум

Патник, кој пренесувал 582 грама ураниум, бил уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Киев.
Патник, кој пренесувал 582 грама ураниум, бил уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Киев. Од прес службата на министерството за вонредни ситуации на Украина соопштија дека ураниумот бил конфискуван од специјалисти од државната фирма “Радон”, во автомобил “Фолксваген”. “Настрадани нема. Истрагата е во тек“, велат од прес службата./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција РИА Новости дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Свет
Кубилијус: „Изградете ѕид против беспилотни летала“

Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на ѕид против беспилотни летала по должината на источниот дел од Европската Унија откога руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.
„Русија повторно ги тестира граничните држави, ЕУ и НАТО. Ќе соработуваме со земјите членки, со граничните земји и со Украина. Русија ќе биде запрена“, напиша тој на мрежата „Икс“.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека одговорот на алијансата на упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор ќе биде разгледан денес на редовната седница, како и дека претставниците на НАТО се во контакт со Полска.
Харт, во објава на мрежата „Икс“ истакна дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со полското раководство.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така изјави дека прелиминарниот извештај укажува дека руската инвазија била намерна, како и дека е во контакт со НАТО и со Полска.
Полските власти претходно објавија дека собориле неколку беспилотни летала, а дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин.
Фото: принтскрин
Свет
Белорусија: Беспилотните летала се изгубени, и ние соборивме неколку

Павел Муравјеика, белорускиот заменик-министер за одбрана, тврди дека беспилотните летала случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани.
Во видео на официјалниот канал Телеграм на Министерството за одбрана, Муравјеика изјавил дека беспилотните летала „се изгубиле“ и дека самата Белорусија соборила неколку беспилотни летала над сопствената територија.
Тој истакнал дека помеѓу 23:00 и 4:00 часот по локално време, белоруските сили споделиле информации со Полска и Литванија преку „комуникациски канали“ за беспилотни летала што залутале.
Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, во последните години се соочува со влошување на односите со своите западни соседи и Украина, откако Москва ја искористи белоруската територија како појдовна точка за напад врз Киев што го започна во февруари 2022 година, пишуваат медиумите.
Полска вчера објави дека ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија. Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија и Белорусија, предизвикаа загриженост кај соседните земји, членки на НАТО – Полска, Литванија и Латвија.
Фото: принтскрин