Македонија
Затворениците се жалат, надлежните ветуваат подобри затвори
Затворениците од затворениот дел на затворот Идризово се жалат на лоши услови, дел од затворениците се жалат на тортура од страна на вработените во затворите, а надлежните велат дека ги преземаат сите активности за подобрување на условите во затворите.
Затворениците од затворениот дел на затворот Идризово се жалат на лоши услови, дел од затворениците се жалат на тортура од страна на вработените во затворите, а надлежните велат дека ги преземаат сите активности за подобрување на условите во затворите.
Министерот за правда, Михајло Маневски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реновираните простории на полуотвореното одделение на КПД Идризово. Дел од новинарските екипи сведочеа дека пред посетата на министерот пред нив се појавил затвореник облеан во крв кој инсистирал да се види министерот за правда, но полициските службеници го спречиле.
Маневски вели дека за овој инцидент не бил информиран, додека директорката на Управата за спроведување на санкции, Лидија Гавриловска вели дека ќе го испитаат инцидентот.
„Не сум информирана за ова, секаде има и во нашите установи има одредени активности кои што се пред се субјективни, кој што ги превземаат одредени вработени, но ние во тој дел постојано правиме едукација, особено во делот на обезбедувањето “ изјави Гавриловска.
За случајот кога избегаа двајца затвореници од затворот во Идризово и поради тоа настрада друг затвореник досега се санкционирани четворица чувари од затворот Идризово и четворица од затворот Скопје. Тогаш затворските чувари крвнички го претепаа цимерот на двајцата избегани затвореници.
„Управата за спроведување на санкции достави до владата програма за спречување и борба против корупцијата и другите форми на организиран криминал“ вели Гаврлиовска. Целта на оваа програма е во соработка со МВР да се спречат криминалните активности што се вршат во затворот.
Со оваа програма се забранува внесување на мобилни телефони од страна на вработените, има посебни сандачиња, каде што вработените треба да ги оставаат своите лични работи. Во затворите нови се рентген тунелите, камерите и детекторските врати, се со цел да се спречи човечкиот фактор во соработката со осудениците.
„Досега се поведени неколку постапки во кои неколку од надзорниците и службените лица се дисциплински казнети, за некои кој што ги пречекориле овластувањата се поднесени и кривични пријави за одредени кривично дело“ изјави Маневски.
Во реновираните простории во затворот Идризово со вкупна површина од 532 метри квадратни, ќе се сместат 112 лица распоредени во 19 соби, со што се обезбедува простор од 9 кубни метри.
Но народниот правобранител апелира дека не е доволно само реновирање на затворите.
„Подобрувањето на состојбите во казнено – поправните установи не е само во просторните услови , подобрувањето е потребно и во другите сегменти. Во однос на процесот на ресоцијализација, во однос на третманот на осудените лица во сите сегменти, во здравствената заштита и контактот на воспитниот кадар со осудениците“ изјави Драги Целевски, заменик народен – правобранител.
Инцидентот што се случи денеска не е единствен. Пред два месеци додека министерот за правда го презентираше реновираниот притворски дел во затворот Скопје во Шутка, еден од затворениците ги повика новинарите да ги видат условите во неговата ќелија. Министерот за правда ги занемари овие викотници и во изјавата по прошетката низ затворот рече дека се работело за лице кое било повеќе пати осудувано./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

