Македонија
Исплатата на социјалните права ќе заврши пред Божик
Министерството за труд и социјална политика ја цени и почитува улогата која што невладиниот сектор ја има во процесот на подобрување на општествените процеси и градењето на активен систем на социјална политика, се вели во реакцијата на денешните обвинувања искажани од НВО Хоризонт
„Сепак, во интерес на вистината да истакнеме дека тврдењата на НВО Хоризонт не кореспондираат со вистината. Имено, Министерството за труд и социјална политика не е во банкрот. Министерството за труд и социјална политика, настојува навремено и во целост да ја врши исплатата на сите права од социјална заштита. Во минатиот период успеавме да ги исплатиме средствата наменети за корисниците на правата од социјална заштита, но за жал, се соочивме со технички проблем во исплатата на правото на нега и помош од друго лице.“, се вели во писмената реакција. Од Министерството велат дека и ова право ќе биде исплатено најдоцна до 5-ти јануари, односно пред Божикните празници. Исто така, од ресорот се укажува и дека исплатата на правото на помош и нега од друго лице ќе биде ретроактивна, односно граѓаните нема да претрпат никаква штета и ќе ги добијат средствата согласно со законските прописи. Истовремено, укажуваме дека приоритет на Министерството за труд и социјална политика, и натаму останува навремена и целосна исплата на правата од социјалната заштита. МТСП апелира до невладиниот сектор при третирањето на вакви теми во иднина да се водат од општествената одговорност и да не манипулираат со чувствата на граѓаните во интерес на продолжување на конструктивна соработка.Во недела околу пладне пред Минситерството за труд и социјални политики протестираа претставници од НВО „Хоризонт Македонија“ кои јавно искажаа сомневање дека исплатата на парите доцни затоа што Министерството е во банкрот. „Претпоставуваме дека нема пари во министерството. Да имаше досега ќе ги исплатеа. Јас мислам дека се работи за лошо менаџирање со министерството“ изјави „ Од „Хоризонт Македонија“ се сомневаат дека исплатата на парите доцни затоа што министерството е банкрот. „Претпоставуваме дека нема пари во министерството. Да имаше досега ќе ги исплатеа. Јас мислам дека се работи за лошо менаџирање со министерството“ изјави Ивица Младенов.Младенов информираше дека министерството на 50-ина луѓе им доделила еднократна помош од 15 до 30 илјади денари, но не ја знаат причината поради која тие луѓе биле селектирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

