Свет
Разбиена авганистанска криумчарска мрежа во Европа

Во истрагата која се спроведувала во Италија, разбиен е криумчарски синџир преку кој во Европа се шверцувале околу 200 лица месечно, соопшти денеска европската полициска агенција Еуропол
Двегодишната прекугранична истрага резултирала со апсење на 26 лица на 11-ти јануари, од кои најмногу биле приведени во Италија, но имало апсења и на лица во Франција и Германија. Во криумчарењето луѓе учествувале групи од Грција, Норвешка, Шведска, Велика Британија, Авганистан, Иран и Пакистан.Според Еуропол, преку илегалниот синџир од август 2008 г. до денес се криумчареле околу 200 лица месечно. Се верува дека барем една петина од илегалните имигранти преку оваа мрежа се деца, бидејќи некои од нив биле пронајдени во текот на претресите во истрагата.Авганистанците биле криумчарени низ Пакистан, Иран, Турција и Грција, а потоа патот минувал преку Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора или Словенија до Италија. Откако имигрантите ќе биле доведени до Рим, тие биле префрлувани на север, а нивната крајна дестинација биле Норвешка, Шведска и Британија.Нивното патешествие траело од неколку денови до неколку седмици, а поединечно им се наплаќале меѓу 3.500 и пет илјади евра само за илегалниот транспорт од Авганистан до Италија, се наведува во соопштението на Еуропол.Припадниците на оваа криумчарска мрежа користеле фалсификувани лични документи од Европската унија и Хавал системот за префрлување пари меѓу криминалците чии центри биле во Франција, Грција, Италија, Иран, Пакистан и Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ: Путин му се јави на Нетанјаху, разговараа за Сирија и Иран

Претседателот на Русија, Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток.
„Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, вели Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
Рускиот претседател, исто така, ја изрази подготвеноста на Русија да помогне во наоѓањето преговарачки решенија поврзани со нуклеарната програма на Иран.
Свет
Напад со нож во Лондон. Двајца мажи убиени, осомничениот во сериозна состојба

Двајца мажи починаа, а двајца други се хоспитализирани по насилниот инцидент во центарот на Лондон вчера. Еден од хоспитализираните мажи е приведен под сомнение дека е поврзан со нападот.
Метрополитенската полиција извести дека добила повик за напад во Саутерк околу 13 часот во понеделник. На местото на настанот, пронашле четири лица со убодни рани. 58-годишен маж починал на лице место, додека преостанатите три лица биле итно префрлени во болница. 27-годишен маж подоцна им подлегнал на повредите.
Третиот повреден маж, на возраст од триесет години, сè уште е на болничко лекување, а неговите повреди не се опасни по живот. Четвртиот маж, исто така во триесеттите години, беше приведен како осомничен, но и тој е во болница во животозагрозувачка состојба.
„Нашата истрага е во рана фаза и работиме напорно за да ги расветлиме сите околности околу овој шокантен инцидент“, рече детективката началничка на полицијата Ема Бонд. „Во овој момент, не веруваме дека инцидентот е поврзан со тероризам и дека нема понатамошна опасност за јавноста“.
Советничката од Саутерк, Наташа Енин, изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Ужасната сум и длабоко тажна од смртта на двајцата мажи. Моето искрено сочувство до нивните семејства и пријатели“, рече таа.
Свет
Кина нуди 500 евра годишно за секое дете во период од три години за да го поттикне наталитетот

Поради заканувачката демографска криза, Кина почна да им нуди финансиска помош на родителите за да ги поттикне раѓањата. Новата мерка предвидува родителите да добиваат околу 3600 јуани (околу 465-500 евра) годишно за секое дете помладо од три години.
Тоа значи дека за цел период од три години, по едно дете родителите може да добијат вкупно околу 10.800 јуани, односно приближно 1500 евра. Субвенцијата ќе се плаќа и ретроактивно, па семејствата со деца родени од 2022 година наваму може да аплицираат за помош.
Оваа мерка е дел од пошироките напори на кинеската влада да го зголеми паднатиот наталитет, и покрај укинувањето на политиката на едно дете пред речиси една деценија. Во моментов, трошоците за одгледување деца во Кина се меѓу највисоките во светот, па државата се обидува да им помогне на семејствата да ги покријат овие трошоци.
Локалните власти веќе имаат слични иницијативи, како во градовите Хоххот и Шењанг каде се нудат дополнителни финансиски стимули за семејства со повеќе деца.
Сепак, официјалните податоци покажуваат дека популацијата на Кина опаѓа по трет пат по ред, а населението старее, што дополнително ја зголемува загриженоста за иднината на земјата.