Свет
Уште еден кинески sид во Градски парк
Уште еден кинески sид ќе никне во Градски парк ако итно не се промени Деталниот урбанистички план за овој дел од Скопје, предупреди на вчерашната прес конференција советничката група во Советот на Општина Центар од СДСМ.
НА МЕСТОТО НА РЕСТОРАНОТ "ОПАТИЈА" ВЦРТАНА МАРКИЧКА ЗА ПОВЕЌЕКАТНИЦА
Уште еден кинески sид ќе никне во Градски парк ако итно не се промени Деталниот урбанистички план за овој дел од Скопје, предупреди на вчерашната прес конференција советничката група во Советот на Општина Центар од СДСМ. Новиот кинески sид според советниците од СДСМ ќе се гради на местото на ресторанот "Опатија". Објектот за кој има вцртано маркица во ДУП-от, велат советниците треба да има габарит од над 600 квадратни метри и да е висок пет плус два ката.
Минатата недела советничката група од СДСМ писмено побарала од градоначалничката Виолета Аларова да отпочне постапка за изменување на ДУП-от за Градски парк. Во него според нив освен маркичката на местото на "Опатија" се спорни уште неколку маркички кои целосно ќе го уништат и обезличат единствениот парк во Скопје.
"Лани не беше донесена ниту една измена за детални урбанистички планови за повеќе делови од општина Центар, иако беа предвидени во програмата за работа на Советот. Апсурдот да биде поголем 60 милиони денари планирани за промена на ДУП-овите беа пренаменети и потрошени за зелени површини за урбана опрема и бекатон плочки", рече на вчерашната прес конференција Благородна Крстевска Мојсовска, советничка од СДСМ во Центар.
Лидија Неделковска, портпарол во Општина Центар вчера изјави дека градоначалничката Аларова не може да дава мислења, оти Советот е тој што ги гласа деталните урбанистички планови. Но според Неделковска на некоја од следните седници градоначалничката ќе предложи да се прекине реализација на сите објекти во Градски парк, освен на градскиот стадион.
"Барањето до Советничката група на СДСМ градоначалничката го доби минатиот четврток и ќе го препрати на разгледување во Комисијата за урбанизам на Советот на општината која ќе треба да одлучи што ќе се прави понатаму", вели Неделковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

