Македонија
ИВЗ бара помош од власта, партиите и амбасадите за справување со вехабитите
Исламската верска заедница (ИВЗ) ги повика Владата и партиите на Албанците, државните институции и сите странски дипломати во Република Македонија да и помогнат да се справи со радикалните верски групи чија основна цел е да го разрушат имиџот на исламот
Според Сулејман Реџепи поглаварот на ИВЗ, целта на овие радикални групи е и да го нарушат имиџот на државата и на народот, како и да ја спречат неговата интеграција во Европската Унија и во НАТО.„Денеска имав средба со сите верски службеници кои беа испратени во европските држави и во САД, и тие ме известија за активностите во тамошните исламски центри. Меѓу другото, ме известија дека верниците кои живеат надвор од нашата земја се загрижени за против-законското и неконтролирано делување на радикалните вахабистички индивидуи, па поради тоа ги повикувам Владата, партиите на Албанците во Република Македонија, странските дипломати а посебно амбасадите на САД и на ЕУ да ја поддржат ИВЗ и да преземат потреби мерки против овие радикални структури“, рече Реџепи.Поглаварот Реџепи дури во јули потврди дека вехабитите се инволвираа во неколку скопски џамии, велејќи дека претходно ИВЗ сметала дека тие ќе се повлечатСо ова, Реџепи ги потврди пишувањата на Форум дека вахабитското движење зема замав меѓу муслиманските верници во Македонија, Меѓутоа, од ИВЗ дотогаш остануваа без реакции кога беше посочувано дека корупцијата во нивните редови е една од причините што ова движење зема се поголем замав меѓу верниците.Форум во јануари пишуваше дека како центар на овој верски фанатизам се посочува вахабистичката заедница во Македонија, особено нејзината заедница во струшкото село Лабуништа. Во Скопје, пак, како центри на овие радикални секти во исламот уште тогаш ги набројавме Јаја-паша и Тутун-џамија.Македонските разузнавачки служби засега регистрирале голема претпазливост на лидерите на вахабитите во Македонија, кога станува збор за влијанието меѓу муслиманите во државата. Според нашите соговорници, на зголемувањето на вахабистичкото движење најмногу му погодува корумпираноста во редовите на Исламската верска заедница во Македонија.Сиромаштијата исто така е момент кој се користи од страна на радикалите, кои нудат помош од 50 евра месечно по член на сиромашните семејства, а младите Албанци од Македонија ги стипендираат, пред сè, на изучување на исламската теологија во арапските држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

