Свет
Белгија: Мајка си го уби четиригодишниот син
Мајка од Белгија си го уби четири и полгодишниот син. Телото на момчето било пронајдено во Брент-л`Ало, централна Белгија, а мајката го признала убиството, пренесе Бгнес.
Мајка од Белгија си го уби четири и полгодишниот син. Телото на момчето било пронајдено во Брент-л`Ало, централна Белгија, а мајката го признала убиството, пренесе Бгнес.
Телото на малиот Рашид било пронајдено од случајни минувачи во близина на неговиот дом во населбата со социјални станови, кој се наоѓа на дваесетина километри од Брисел.
Полициските инспектори посочија дека станува збор за семејна драма.
Мајката Лина Хаџи од сириско потекло, која беше осомничена за убиство и притвор, на почетокот негирала дека има врска со смртта на детето.
Момчето живеело со својата разведена мајка и со 16-годишна сестра.
Исчезнувањето на Рашид го пријавила неговата постара сестра, пишува Бгнес. На мајката ќе и се суди за чедоморство. /крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира
Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците кои допрва треба да се финализираат, објави „Тајмс оф Израел“.
Израел се надева дека „деталите ќе бидат финализирани вечерва“, велат од кабинетот на Нетанјаху.
Откако на помеѓу медиуми, меѓу кои „Си-ен-ен“, „Ројтерс“, „Тајмс од Израел“, попладнево одекна веста дека е постигант договор помеѓу Израел и Хамас почна славје на улиците во Тел Авив и Газа.
Celebrations erupt in Gaza’s streets after the ceasefire deal is reached.#Gaza #Hamas #GazaCeasefirepic.twitter.com/7RCQBW1Arm
— Muslim Voice (@MuslimVoice_eng) January 15, 2025
ख़ैबर ख़ैबर या यहूद
जैश-ए-मोह़म्मद सूफ यऊदगज्जा की जंगबन्दी पर गज्जा वासियों की ख़ुशी. #Gaza
pic.twitter.com/K8kHsx8Cpz— Tarique Anwar Champarni (@Champarni_Tariq) January 15, 2025
Веста за примирјето кусо по објавата ја потврди и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Свет
Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат
САД денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 ентитети, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.
Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред Доналд Трамп повторно да влезе во Белата куќа.
„Нашата цел со овој потег е да им ставиме до знаење на финансиските институции, но и на компаниите, дека бизнисот со Русија што го поддржува нејзиниот воено-индустриски комплекс ги изложува на санкции“, рече функционер, кој побара да остане анонимен, пренесуваат западните медиуми.
Американскиот Стејт департмент, исто така, воведува санкции против повеќе од 150 субјекти и поединци.
Свет
Договорот за примирје помеѓу Израел и Хамас има три фази
Официјални лица запознаени со договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас споделија дополнителни детали со „Ројтерс“.
Се чини дека договорот има три фази, од кои првата трае шест недели. Оваа фаза вклучува постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.
Договорот предвидува дека за време на прекинот на огнот, секој ден ќе им биде дозволен влез на 600 камиони со хуманитарна помош во Газа, од кои 300 ќе бидат наменети за северот. Хамас посетепно во првата фаза ќе ги ослободуваа заложниците, во замена за палестински затвореници.
Овој договор ќе им овозможи на стотици илјади раселени луѓе во градот Газа и јужниот дел на Газа да се вратат во своите домови, села и градови.
Исто така, се очекува договорот да вклучи влез на 50 цистерни со гориво за напојување на болниците, поправка на електрани, обновување на канализационите и водоводните системи и започнување со решавање на сите проблеми со кои луѓето се соочуваат повеќе од една година.
Се очекува наскоро договорот да биде објавен.