Свет
Четири лица загинаа во експлозија во Ставропол

Четири лица загинале во експлозија во центарот на Ставропол во средата навечер по локално време, додека се уште не е утврдена бројката ранети, пренесоа руските агенции
„Бомбата била поставена пред Домот на културата во Ставропол“, рекол неименуван извор на агенцијата РИА Новости .Началникот на цивилната заштита и за итни ситуации на Ставропол, Борис Скрипка, претходно известил за три жртви. Повредени, според различни извори, се движат од седум до 20 лица. „Подрачјето е обиколено со кордон од безбедносни сили а на самото место истражна група ја отпочна истрагат“, изјавил претставник на руското министерство за внатрешни работи. Руските агенции за бројката на ранетите располагаат со различни бројки кои се движат од осум до 20 тешко пворедени лица. Како што пренесува агенцијата Итар-тасс, екслозијата се случила пред Домот на културата и синдикатото на спортските работници на улицата „Ленинова“ Агенцијата го цитира Николај Гончаров, началник на локалната полиција кој соопштил дека во истрагата се вклучиле и истражители на руското Федерално биро за безбедност ФСБ. „Експерите ги испитуваат остатоци од експлозивната направа, но се уште не може да се утврди нејзиниот состав и интензитет, за што ќе биде потребно време“, изјавил Гончаров Засега нема осомниени за активирање на експлозивната направа, но полициските извори потенцирале дека напaдот се случил пред концертот на државниот чеченски танцов ансамбл, па се претпоставува дека цел биле гледачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин