Контакт

Македонија

Eвропскиот суд бара одговори за заложништвото од CIA

Објавено пред

Случајот Ел Масри против Македонија продолжува во Европскиот суд за човекови права, најавија неговите адвокати Луис Монтеро од Лондон и Филип Медарски во Скопје, информирајќи дека случајот е стигнат ди макеоднската валда на 8-ми октомври

dobivaj vesti na viber

Македонската влада стана првата којашто беше повикана да даде отчет за својата соработка во програмата на CIA за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам пред меѓународниот трибунал. Случајот, донесен од Иницијативата за правда на Отворено општество, од името на германскиот граѓанин Калед ел Масри, беше пренесен до македонската влада од страна на Европскиот суд за човекови права на 8-ми октомври.Сега Министерството за правда има рок до јануари 2011 г. да прибере податоци и да даде одговор. „Со овој случај, Европскиот суд го надмина судството во САД со својата реакција против тортурата и искористувањето поврзано со незаконското заложништво. Калед ел Масри помина низ ужасно измачување и тој има право на правда и јавно признавање на неговото малтретирање“, рече Џејмс A. Голдстон, извршен директор на Иницијативата за правда на Отворено општество. „Европските влади мора да бидат одговорни за учество во тортура, малтретирање или киднапирање  во соработка со програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер за осомничени за тероризам“, рече Голдстон во јуни кога почна со истражување на случајот.Комуникацијата е голем чекор напред, затоа што само околу десет проценти од сите случаи поведени пред Европскиот суд достигнуваат до оваа фаза. Натаму, Македонија ќе треба да одговори на конкретни прашања кои ќе ѝ бидат поставени од судот во врска со својата наводна улога во програмата за нелегално апсење и трансфер за осомничени за тероризам. Судот ја покани и Германија да достави свои коментари.Според обвинувањето припадници на македонските безбедносни сили го уапсиле Калед ел Масри на барање на САД во декември 2003 г. и го држеа во заложништво 23 дена без пристап до надворешниот свет. Ел Масри потоа бил предаден на CIA и пренесен во притворен центар во Кабул, Авганистан, каде што беше затворен во ужасни услови, беше испрашуван и малтретиран. По неколку месеци, Ел Масри бил ослободен и исфрлен покрај пат во Албанија.И покрај убедливите докази за нејзината соработка, Македонија сè уште негира дека нелегално го држела Ел Масри во заложништво на нејзина територија или дека го предала на CIA, тврдат правните застапници на Ел Масри.САД никогаш јавно не признаа дека го држеле Ел Масри во заложништво. Во 2007 г., Врховниот суд на САД одби повторно да ја отвори пресудата на апелациониот суд, со која привилегијата на државна тајна бараше затворање на овој случај.Во Германија и Шпанија во тек се национални истраги поврзани со заложништвото на Ел Масри. Полска, Литванија и Обединетото Кралство се исто така пошироко вклучени во истрагите во врска со необичното заложништво.Според тврдењата на Калед ел Масри, тој во 2003 г. бил 23 дена во заложништво на територијата на Македонија, по што со помош на ЦИА бил пренесен во Авганистан.  Се претпоставува дека причина за апсењето било помешувањето на неговото име со името на припадник на Ал Каеда.Шпанското обвинителство во мај најави издавање налог за апсење на 13 агенти на CIA, кои биле вмешани во случајот на Калед ел Масри. Обвинителството тврди дека членовите на CIA, кои го спровеле трансферот на ел Масри од Македонија до Авганистан, престојувале накратко во Мајорка пред да пристигнат во Скопје. Шпанските власти како доказ ги имаат обезбедено гостинските книги од хотел во Мајорка, како агентите на CIA престојувале заведени под лажни имињa.Калед ел Масри стана познат на светската јавност, кога, поради помешување на неговото со име на припадник на Ал Каеда, бил задржан во Македонија и однесен на испрашување во Авганистан.   Германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри ја тужи Германија, бидејќи државата формално не побарала екстрадиција на агентите на CIA кои според него во 2003 г. го киднапирале во Скопје. Против Македонија засега нема никаква постапка.Во тужбата против германската влада се вклучи и Европскиот центар за уставни и човекови права, кој утврдил дека на eл Масри му се прекршени основните права и човекови слободи. Адвокатите на ел Масри во САД поднесоа тужба за надомест на штета, но таа беше одбиена. Во Германија, пак, е поведена кривична постапка против агентите на CIA. По нив е издадена потерница, но формално Германија никогаш од САД не побарала нивна екстрадиција.Случајот eл Масри го отвори прашањето за тајните затвори на CIA, но целата работа остана неразјаснета.Четириесет ишест годишниот Калед ел Масри тврди дека на 31 декември 2003 г. на граничниот премин Табановце од македонски службени лица бил симнат од автобус, потоа однесен во скопскиот хотел „Скопски мерак“ каде што бил држан во заложништво 21 ден. Оттаму преку скопскиот аеродром бил предаден на лица, наводно агенти на CIA, кои со авион го пренеsле во Авганистан. Таму бил држен во затвор пет месеци, a бил испрашуван под сомнение дека е припадник на Ал Каеда.Откако Американците констатирале дека направиле грешка и дека во заточеништво држат погрешен човек, а не озлогласениот водач на франкфуртската келија на Ал Каеда кој имал исто име и презиме, тие го вратиле во Албанија од каде што експресно бил екстрадиран во Франкфурт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ

Објавено пред

„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.

Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.

Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.

После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.

Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.

Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени

Објавено пред

Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет1 час

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет2 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет2 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет2 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија13 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет13 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија15 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија18 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ19 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија21 час

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија21 час

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија21 час

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија24 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет1 ден

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет1 ден

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија1 ден

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...