Македонија
САД: Македонската влада самата донесе одлука за тужбата во Хаг
„Македонија очигледно самата донесе одлука да поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата“, гласи реакцијата на портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак на прашање од грчки новинар за тоа дали имало комуникација или координација со САД пред македонската влада да повлече таков потег
Мекормак истовремено ги поддржа преговорите што за спорот околу името се водат во рамки на Обединетите нации. „И натаму го поддржуваме процесот на соработка за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за проблемот со името. Ги поддржуваме напорите на амбасадодорот Нимиц“, рекол Шон Мекормак, пренесува Гласот на Америка на македонски. Портпаролот на Стејт департментот ја отфрлил и новинарската импликација дека САД би се вклучиле во судскиот процес со тоа што би дале свое гледиште за случајот. Според Мекормак, Македонија донесла сопствена одлука за која верува дека е во нејзин најдобар интерес. Доцна во понеделникот, посредникот во спорот со името, Метју Нимиц издаде соопштение дека претходно добил уверување од Владата на Република Македонија дека поднесувањето на тужбата нема да ја намали нејзината заложба да продолжи со процесот во рамки на ОН за изнаоѓање на решение, како и дека владата има намера наскоро да назначи нов преговарач. Исто така во понеделникот министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека тужбата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг е поднесена со цел да се заштити Времената спогодба. Милошоски притоа потенцираше дека Република Македонија, со поднесувањето на Апликацијата за тужбата не ги прекинува преговорите за разликите околу името со Грција. Грчкото министерство за надворешни работи, пак, реагираше дека е подготвено да се спротистави на Македонија пред судот со сопствени аргументи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна пареа
„Од вчера со полна пареа започна кампања против западот – против европската интеграција и против стратешкиот партнер САД. Откако САД воведоа блокада на визите, ВМРО преку своите сателити, така наречени портали, мали коалициски тендер-партнери, „независни“ експерти, сателит-партии и контролираниот дел од опозиција – тргна со сите сили да ги напаѓа САД, а со тоа и ЕУ“, велат од СДСМ.
„САД не воведоа санкции без причина, туку поради политиките што се водат, проруска ориентација на вицепремеир во Владата, антиамериканските активности, „Ноќните волци“, партизацијата на институциите.
Во домашната јавност се испраќаат пораки дека се работи на приближување, но сите други чекори се насочени кон запирање на интеграциите, прикажувајќи ги како конфликти бидејќи наводно удираат по националните прашања на Македонија.
Сè е фарса, како и овие напади преку дел од медиумите против ЕУ и САД, само за да се создаде слика во јавноста дека постојано нè уценуваат и постојано поставуваат нови барања. Во суштина, Владата покажува дека не сака интеграции.
Тоа јасно се гледа преку односите со соседите, постојаното креирање проблеми со Грција и Бугарија како и преку неисполнувањето на условите на ЕУ, како што се реформите и реформските закони усогласени со европските стандарди.
Сето ова е резултат на политиките што ги води ВМРО: изолација на Македонија. Целта е да станеме „црна точка“ на Европа. Сценрио во три чекори: изолација, избори, па мигранти за пари.
ВМРО е под контрола на Вучиќ кој одби да прими делегација на ЕУ во Србија. Пред тоа не отиде ни на состанокот во Брисел, иако само ден претходно предложи целиот Балкан заедно да влезе во ЕУ.
Исто, copy-paste сценарио. Ние немаме проблем со соседите, ниту со ЕУ, ниту со САД. Единствениот проблем е политиката на ВМРО. Тие создаваат проблеми таму каде што ги нема.
Проблемот е што и ние имаме свој Мадуро, не се проблем САД и ЕУ. Затоа сме во група со Сомалија, затоа нè третираат како „земја од трет свет“. Ете затоа, поради тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ и нивните сателити во т.н. опозиција“, соопшти СДСМ.
Македонија
(Фото) Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти
Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести Општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.


Македонија
Одбележување на Водици 2026 во општина Илинден
По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.
„За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник.
Сите заинтересирани учесници, кои сакаат да бидат дел од фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата Св. „Константин и Елена“ во населба Илинден.
За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци“, се вели во соопштението на општина Илинден.

